Почетна Вести Европа Кардинал антиваксер заврши на интензивна со ковид, Папата: Тоа е иронија на животот
Кардинал антиваксер заврши на интензивна со ковид,  Папата: Тоа е иронија на животот

Кардинал антиваксер заврши на интензивна со ковид, Папата: Тоа е иронија на животот

155
0

Папата Франциск им се обрати на новинарите на летот од Словачка за Италија и го коментираше отпорот кон вакцините што постои и во врвот на Католичката црква.

Тој рече дека не може да објасни зошто некои кардинали се скептични за вакцината против ковид-19.

„Ова е невообичаено со оглед на тоа што човештвото има историја на пријателство со вакцините“, рече папата Франциск, кој и самиот е вакциниран против ковид.

Тој рече дека еден кардинал кој не бил вакциниран завршил на интензивна нега откако се заразил со коронавирусот. Тој не го именуваше, но алудираше на американскиот кардинал Рејмонд Бурк, познат по своите антиваксерски ставови.

Бурк, пред да заврши на интензивна нега, зборуваше дека вакцините се развиени „користејќи клетки од абортирани фетуси“ и дека при вакцинирањето „под кожата се става некој вид микрочип со помош на кој државата ве контролира“.

„Дури и меѓу кардиналите ги има оние кои ги негираат вакцините. Еден од нив, кутар човек, заврши во болница поради вирусот. Тоа е една од ирониите на животот“, рече папата Франциско.

Тој додаде дека речиси сите во Ватикан се вакцинирани и сега „размислуваат како да им помогнат“ на оние кои остануваат скептични во врска со вакцината.

„Како деца, сите бевме вакцинирани против детска парализа и мали сипаници и тогаш никој не се противеше“, додаде папата.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *