Почетна Вести Капелата во спомен куќата на Мајка Тереза стана нејзино светилиште
Капелата во спомен куќата на Мајка Тереза стана нејзино светилиште

Капелата во спомен куќата на Мајка Тереза стана нејзино светилиште

229
0

Католичката црква во Македонија ја прогласи капелата во спомен куќата на Мајка Тереза, која се наоѓа на улица „Македонија“ во центарот на Скопје за светилиште на Света Мајка Тереза.

Оваа одлука ја соопшти Скопскиот Бискуп и Апостолски Егзарх Киро Стојанов. Веста за прогласувањето на светилиште, Католичката црква ја чуваше во тајност до последен момент.

spomen-kuka-kapelaОвој чин на Католичката црква ќе придонесе дополнително за зголемување на бројот на посетителите на овој објект и раст на бројот на странски туристи, особено на поклоници на делото на „Света Тереза“.

Спомен домот на Мајка Тереза беше промовирана во пресрет на 100-годишнината од нејзиното раѓање и во  присуство на голем број  странски и домашни  гости. Отворањето беше  во јануари 2009 година, а со реализацијата на овој проект, Република Македонија даде значаен придонес во негувањето на универзалните хумани вредности за кои се залагаше Мајка Тереза.

Идејата за овој објект беше мотивиран од желбата да и се оддаде почит на најпознатата скопјанка. Изградбата почна на 9 мај 2008 година, По само девет месеци беше изграден објектот посветен на најхуманата жена на светот. Спомен-куќата, за посетителите, беше официјално отворена на 30 јануари 2009 година.

spomen-kukaЛокацијата на објектот не е случајно избрана. Имено, на ова место, до земјотресот во 1963 година се наоѓала католичката црква „Пресвето Срце Исусово” во која Мајка Тереза, тогаш Гонџа Бојаџиу, била крстена само еден ден по своето раѓање.

Финансирана е со два милиона евра од Владата и реализирана од Министерството за култура. Архитект е Вангел Божиновски, а изведувач на градежните работи ГП „Гранит“. Градбата зафаќа површина од 500 метри квадратни и уште толку се двор и мини плоштад, во кој е вклопена скулптурата на Мајка Тереза дело на академик Томе Серафимовски.

Инаку со одржувањето на понтификалната миса на плоштадот „Македонија“ и со прогласувањето на светилиште на „Света Мајка Тереза“ во Скопје заврши „Татковинската прослава денови на Света Мајка Тереза“.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *