Почетна Вести Канцеларката Меркел испрати писмо до имамот со скопско потекло
Канцеларката Меркел испрати писмо до имамот со скопско потекло

Канцеларката Меркел испрати писмо до имамот со скопско потекло

422
2

Декларацијата „Не во името на Аллах и не во наше име” објавена на германски јазик во Германија, на иницијатива на хафиз др. Бењамин ефенди Идриз, кој е по потекло од Скопје, живее во Германија, во градот Пензберг во близина на Минхен, пројавила интерес и кај германската канцеларка Ангела Меркел која откако ја добила од имамот Идриз, му испратила писмо во кое ја истакнала важноста на оваа декларација.

Имамот Идриз во разговор за Anadolu Agency (AA), објаснувајќи како делкарацијата дошла до канцеларката Меркел, раскажа дека по појавата на злогласната терористичка организација ДЕАШ, имамите од Минхен, на негова иницијатива ја објавиле спомнатата декларација.

benjamen berlinОваа декларација Хафиз д.р Бењамин Идриз ја испратил до германската канцеларка Меркел кон крајот на декември 2016. година.

Според неговите зборови, како одговор на испраќањето на декларацијата, канцеларката Меркел му испратила писмо во кое се истакнува важноста на декларацијата против тероризмот, како и дека истата со големо внимание ја прочитала. Таа напишала дека и е многу драго што во овие бурни времиња се потенцира заедничкиот соживот и солидарноста со другите религиски заедници.

Германската канцеларка Меркел исто така истакнала дека токму џамиите имаат многу важно влијание во превенцијата на тероризмот. На имамите им посакала успех во нивниот понатамошен анганжман за добро на општеството.

Говорејќи за декларацијата имамот Идриз вели дека ја потпишуваат дваесетина имами од Михнех, кои инаку се по потекло од Македонија, Албанија,Косово, Турција, Индонезија, Авганистан и други земји.

Првично, декларацијата е објавена пред година и пол дена, но како што објаснува имамот Идриз, повторно е актуелизирана по терористичкиот напад во Берлин, кој се случи во декември минатата година, на начин што таа е испратена до политичките претставници и бројни релевантни институции во Германија.

– „Тероризмот не треба да се поврзува со исламот”

Со декларацијата, појаснува имамот Идриз, целта е да се претстави ставот на исламот против насилството во име на верата, да се крене гласот на имамите против тероризмот, но и да се упати порака до политичарите и медиумите во Германија да не го употребуваат терминот „исламски тероризам”, бидеќи тероризмот не е нешто со што исламот треба да се поврзува.

Меѓу другото, имамот Идриз надполонува и дека со декларацијата против тероризмот, имаат за цел да испратат порака и до муслиманите во Германија, посебно младите, дека нивната иднина е во образованието, развојот на кариерата, успехот во сите животни сфери, а не војувањето, оружјето и насилството кои го уништуваат општеството.

Исто така, како што наведува имамот со скопско потелко, реакциите на јавноста во Германија во однос на декларацијата биле многу позитивни, за што, како што вели, говори интересот на политичарите, медиумите и другите чинители во општеството.

Инаку, хафиз др. Бењамин ефенди Идриз е претседател на Исламскиот форум во Минхен. Овој имам во тамошната јавност е познат по својот општествен активизам.

/А.А.

Коментар(2)

  1. Ke i se odbie od glava prijatelstvoto so imami i miezini na Merkelova , no kasno ke bide . Germanija , ai cela Evropa e vekem zagadena so islamot.

  2. Ти друже не писмен си или не го прочита воопшто текстов?

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *