Почетна Вести Кан положи заклетва и ја сподели својата желба со Лондончани
Кан положи заклетва и ја сподели својата желба со Лондончани

Кан положи заклетва и ја сподели својата желба со Лондончани

86
0

Садик Кан, од опозициската Лабуристичка партија, денеска положи заклетва како прв градоначалник муслиман на Лондон, пренесе ДПА.

sadik kan 2Кан, кој е син на пакистански имигранти, по церемонијата на полагање заклетва во катедралата во престолничкиот кварт Садерк, изјави дека Лондон го исполнува со гордост, а неговиот избор за градоначалник му вдахна смирување.

-Сакам секој Лондончанец да ги искористи можностите кои овој град ми ги даде мене и на моето семејство – можности не само за преживување, туку и за успех, додаде новиот градоначалник.

Кан со 57 отсто од гласовите го победи својот соперник конзервативецот Зак Голдсмит, кој освои 43 проценти.

-Се разбира дека сум разочаран од резултатот, рече Голдсмит, но ја поздрави победата на Кан и му посака да ги развие и надгради успесите, постигнати во управувањето на досегашниот градоначалник конзервативец Борис Џонсон.

sadik kanНапорите на Конзервативната партија во предизборната кампања Садик Кан да  го поврзе со муслиманскиот екстремизам беа дел од негативната кампања во политиката, изјави министерот за одбрана Мајкл Фалон, одбивајќи да му се извини на новиот градоначалник, пренесоа британските медиуми.

„Во негативни кампањи пред избори се кажуваат различни нешта и се поставуваат прашања“, рече Фалон за Би-Би-Си како одговор на прашањето дали жали што Кан го нарекол „лабуристички лакеј“, кој се појавувал на јавни настани заедно со екстремисти и радикални муслимани.

-Според мене правилно е кандидатите за највисоките позиции во Велика Британија да бидат стриктно проверувани за нивните врски од минатото, рече Фалон.

Конзервативците, меѓу кои и премиерот Дејвид Камерон и министерот за одбрана Мајкл Фалон во предизборната кампања го поставија прашањето дали во Лондон ќе има безбедност под управата на 45-годишниот Садик Кан, кого го обвинија дека на екстремизмот му „дава кислород“, додаваат британските меидуми.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *