Почетна Вести Камери и метал детектори на влез во џамиите
Камери и метал детектори на влез во џамиите

Камери и метал детектори на влез во џамиите

58
0

Детектори за метал и камери за набљудување ќе бидат монтирани во повеќе од 70 џамии во Душанбе, престолнината на Таџикистан, соопштија локалните власти.

muslimani tadzikastanОвој чекор ќе биде преземен поради зголемената опасност од напади на џихадистите, јавува БТА.

-Мерките имаат за цел да се следи мноштвото верници во џамијата и да се утврдат можните салафити меѓу вистинските верници, изјави извор од таџикистанската Влада.

Салафитите изгледаат горделиво за време на молитвата и можат да бидат препознаени по брадата и начинот на облекување, објасни изворот.

Детекторите и камерите ќе бидат монтирани со пари од џамиите и од верниците.

Претседателот Емомали Рахмон нареди борбата со исламскиот фундаментализам да биде приоритет на власта.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *