Почетна На иста страна Како владиката Пимен и муфтијата Јашар застанаа На Иста Страна?
Како владиката Пимен и муфтијата Јашар застанаа На Иста Страна?

Како владиката Пимен и муфтијата Јашар застанаа На Иста Страна?

570
1

Утре во 11 часот на Телевизија Сител стартува првата емисија од серијалот насловен “На иста страна” која има за цел да ја промовира и поттикнува меѓусебната комуникација на верските заедници во Македонија. Во првата емисија гости се Муфтијата на Ресен Џујнет Јашар и Владиката Пимен, роден ресенчанец.

Како тие го гледаат веѓуверскиот соживот, што за нив е меѓуверска почит? Пријатели од детството, денеска верски претставници кои знаат како да ја негуваат меѓуверската почите.

na ista 2Инаку, серијалот претставува теренска емисија во која соговорници од различна вероисповест дебатираат за позитивните вредности на религијата. Отворено се разговара за предрасудите и како да се отстранат. За почитта и толеранцијата кон различниот од себе.

-Поентата и крајната цел на емисијата е да се испрати порака дека сликата во која свештеникот од една верска заедница и имамот од другата, заеднички на улица или каде било, не треба да биде вест, туку вообичаено секојдневие. Мултиукултрурализмот, мултирелегиозноста и мултиетничноста се вредности на секое општество. Но, за да се постигнат таквите цели потребно е создавање на амбиент за почит нa различноста. За таа цел е потребна информација која ќе ја промовира таквата различност, а потребна е и меѓусебна искрена комуникација на носителите на верските различности, велат од продукцијата на емисијата.

na istaМакедонија изминативе дваесетина години е општество во кое има дијалемтрално споротивни толкувања на религијата. Од позиција на стигматизација до позиција на глорификација. Таквата општествена спротивставеност предизвикува поларизираност и честопати доведува до злоупотреба на верата, од што се раѓа радикализам.

-Секоја вера и религија во својата чиста и изворна форма е богољубие и праводљубие. Почитта кон другиот е почит за себе. Македонија има примери каде комуникацијата, почитта, блискоста на различните, со години во историјата, изградиле правилни вредносни столбови кои денеска се пример за тоа дека различната вера и религија е обединувачи елемент на соживот. На таквите парцијални примери од некои средини е потребно да им се даде вредносно признание, преку нивна инкузивност во сите останати средини во Македонија. Македонија има многу поголема традиција и искуства кога станува збор за меѓуверската почит и меѓуверскиот соживот од која било европска демократија, велат авторите.

Слабост или предност. Различностите ја прават Македонија посебна. Различни религии, обичаи, традиции… Што е тоа што ги држи сите „На Иста Страна“. Гледајте на Сител во сабота во 11 часот.

Коментар(1)

  1. Па римокатолиците – ватикан го создадоа исламот така да ова не е чудно со оглед дека пимен е папин слуга.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *