Почетна Анализа Како се воспоставувала српската црковна власт во Македонија: Свештеници распнувани на крст оти не сакале да го споменуваат српскиот патријарх
Како се воспоставувала српската црковна власт во Македонија: Свештеници распнувани на крст оти не сакале да го споменуваат српскиот патријарх

Како се воспоставувала српската црковна власт во Македонија: Свештеници распнувани на крст оти не сакале да го споменуваат српскиот патријарх

854
17

Свештеникот Овентиј Исаиев од Галичник не бил единствен кој во перидот по Балканските и Првата светска војна во 1918 година настрадал од новата српска власт во Македонија, туку таквата судбина им се случила уште на повеќе други македонски свештеници што дејствувале во познати манастирски центри, пишува дневниот весник „Дневник“.

Јеромонах Партениј, игумен на Бигорски и о. Иван Аврамов Чупаров
Јеромонах Партениј, игумен на Бигорски и о. Иван Аврамов Чупаров

Најмалку пет други монаси и свештеници биле убиени во тој период бидејќи продолжиле да работат за македонските национални интереси наспроти српските обиди за денационализација на македонскиот народ.

Истражувањата што досега ги спровеле монасите од Бигорскиот манастир покажуваат дека овие монаси и свештеници отпорот кон новата српска власт почнале да даваат преку неспоменувањето на името на тогашниот српски епископ, а потоа и патријарх Варнава. Ова прво му се случило во 1912 година, веднаш по Првата балканска војна на тогашниот игумен на Бигорскиот манастир јеромонахот Партениј.

– Откако тој дал таква наредба на монасите во манастирот, следела и одмазда на власта. Српски офицери заедно со еден полициски службеник го прогониле игуменот Партениј од манастирот. За тоа сведочи и записот на тогашниот дебарски митрополит Kозма. Неколку години подоцна, во 1918 година, овој игумен бил ѕверски убиен откако, по нарачка на српските власти, една разбојничка банда го пресретнала на некој мост на река Радика. Разбојниците го исекле на парчиња и потоа го фрлиле во реката – наведуваат до Бигорскиот манастир.

Слична маченичка смрт му се случила и на велешкиот свештеник Иван Аврамов Чупаров, кој е роден во селото Папрадиште, а во јуни 1913 година бил исечен и фрлен во реката Вардар. Причината за тоа било фактот што новата српска пропаганда во регионот на Азот, во централниот дел на Македонија, во него имала најголем противник. Имало повеќе обиди и закани тој да прифати да се стави во служба на српските интереси, но секогаш одбивал. Меѓу населението од овој велешки крај останала приказната во која свештеникот Иван бил заробен од српскиот пропагандист Глигор Соколов и мачен за да прифати да биде агент на пропаганда. Бил жив закопан во земја при што само главата му била оставена надвор. Но, и покрај ова, поп Иван одговорил дека „во Белград може да ги испратат само неговите коски за да покажат дека е вистински Србин“. По инсистирањето на локалното население кое стравувало од одмазда на Мијаците од Папрадиште, тој тогаш бил поштеден. Продолжил да дејствува за македонските интереси, но во 1913 година бил убиен.

Јеромонах Софрониј, игумен на Пречиста и о. Георги Ангелов
Јеромонах Софрониј, игумен на Пречиста и о. Георги Ангелов

Во тој период, меѓу 1912 и 1915 година трагична судбина доживеале и монасите од славното кичевско светилиште „Пресвета Богородица – Kичевска“, игуменот јеромонахот Софрониј и јеромонахот Теофан, кој во тој период таму бил калуѓер.

– При воспоставувањето на српската власт во Kичевско тие со многу други видни граѓани од Kичево одбиле да ја потпишат декларацијата што им била дадена од новата власт, дека се по потекло Срби. И двајцата монаси на измама биле изнесени од манастирот со образложение дека ги викаат властите во Дебар, по што и двајцата биле застрелани. Свештеникот Георги Поп Христов, пак, бил распнат како Исус Христос на крст, каде што и умрел, а од двете страни биле распнати и двајца негови другари – наведуваат од бигорското светилиште.

Истражувањата покажале дека маченичка смрт во 1917 година доживеал и архијерејски намесник за Галичник, Павел Теодосиев. Тој прво бил тепан со торби со песок, а потоа интерниран во Скопје каде што во затворот умрел од маките бидејќи не сакал да го споменува името на српскиот крал и на патријархот. Слично, дури и погрозно убиство му се случило и на свештеникот Апостол Миронов од с. Тресонче кого го извлекле ноќе од неговиот дом, го одвлекле во блиската гора, му го искршиле черепот и го обезличиле.

/ДНЕВНИК

Коментар(17)

  1. Tipicna zakasneta antisrpska i antislovenska propaganda na verska osnova. Ne se gleda sto saka so ovoj naslov da se postigne. Prasanje d li e ova vistina ili ne e.

  2. Македонија и македонската црква се сеуште жртва на српската пропаганда која го држи македноснкиот народ преку 60 години во ропство.

  3. EEE, skoro velite deka komunistite kolele i secele na delovi makedonski popovi, sega velite Srbite toa go pravele, , a da ve prasa covek da li toa go pravele Bugarite, Turcite ili Siptarite , sigurna sum deke ke recete –ma kade tie bile mila majka za nas Makedoncite. E, VMRO-vci, VMRO-ovci , jadna vi majka , bedo probugarska.

  4. Eee mori stojanke, bash ovie vmro -ovci ic ne se bugarofili, sega taa etiketa ne mozete da im ja zalepite, neli se anticki. A i tie otepanite popovi neli ne bile bugari, rodum od galicnik, od veles… more aj glej si ja rabotata nikoj ne veli deka site srbi se losi … toa se samo istoriski fakti …..Tuk se plasam, oti kako sto mi izgleda omrazata tvoja mi nalikuva na tie od jugot, pa si velam da ne se vratat vo nekoj nas del pak da im pravat na popovite nasi taka

  5. E , samo taka pisuvjte deka Srbi kolele vo Mkedonija popovi, a mozebi tie popovi bile bugarski egzarhiski popovi , stom ne sakale da spomnuvaat srpski kral i patrijarh, vo Makedonija kade sto bila na vlast Srbija, a znajte deka srpskata crkva i drzava se se od sekogas vo simfonija, pa nadevajte se deka ke ni ja priznat crkvata za avtokefalna.

  6. Македонци су били жртве трагичног грађанског рата између патријаршиста и егзархиста (тј. Македонаца са српским симпатијама и побугарених Македонаца). Нажалост, видим да та подела још увек није избрисана потпуно ни до данас. Чланак је очигледна анти српска пропаганда. Ако је ово истина сигурно се радило о великим аспаруховцима. Сви егзархијски учитељи и свештеници после балканских ратова наставили су да раде свој посао. Не правите непријатеље од оних који вам то нису. Српска црква данас само жели да све буде по канонском устројству.

  7. Bugari od sekagas ja fokusirale svojata spiracija na relacija Trnovo, Sofija, Skopje , Ohrid, Bitola ,Solun. Nivnata dodvoruvacka politka nasla golema poddrska i za vreme na sumrakot na Otomanskata imperija, koga so pomos na Visokata porta i Fenarot osnovaat Bugarska egzarhija za Makedonija kade sto imale cel da se presmetaat so Srpskot lobi, oti Tircite na toj prostor se sudrile so Srpska drzava , koja imala edna od najdobro organizirana drzavna srednovekova infrastruktura , od cie sto voskresnuvanje se plasele i samite Turci, a vo interes na Bugari . Zatoa Bugarskata egzarhija , koja egzistirala vo Makedonija od 1870 do 1920 godina grcevito se borela protiv se stoe srpsko na tie prostori, a ne protiv nesto makedonsko, oti makedonskoto go smetala za svoe. Zatoa na prostorite na Makedonija se vmesale poveke verdki propagandi i misii , oti se gledalo samo se stoe srpsko da se zatre. Vo toj pogled, bugarskiot lobi doviva pomos od Katolickata crki protestantskata misija, koi ostavile tragi vo pokatolicuvanje na sloveksoto naselenie vo Makedonija, Taa uloga ja nastavile komunistite i Vatikan , a deneska im ostanalo samo na VMRO-ovcite de se nosat so toa.

  8. DALIBORKE me cudi zosto VMR-ovcite potekloto na Makedoncite ne go porzuvaat so Asirovaviloncite, so Hetitite i Ugaritite,ili pak poskromno da izgleda so Egipetskite faraoni, tuku so mnogupodocneznite anticki Makedonci. Zamisli nitu eden VMRO-vec ne se setil za taa ideja. Pa napredsrpomenatite narodi i civilizacii se od pogolemo istorisko znacenje i bas denesnite Makedonci treba so niv da se sporeduvaat i da se dovedat vo nekoja potesna geneticka vrska. Ova teza neka posluzi za pottik na nekoj VMRO-vski intelektualec , a siguren sum deka ce najde istoriski podatoci za potkrepa na taa ,,naucna vistina,, gledana od objektivot na VMRO., ali makedonskiot, e ne bugarskiot VMRO.

  9. Какво е, ви се молам, тоа канонско устројство??? Наместо покајание за историските неправди кон македонскиот народ, вие уште и се заканувате! Колку срамно! Со тоа покажувате дека сте исти како оние што во името на Бога пролеваа невина крв. Со какво право оправдувате вакво ѕверско убивање на свештеници и монаси? Како прво, Српската црква неканониски се одделила од Охридската Архиепископија, и како второ, својата власт во Македонија ја спровела по пат на крвопролевање. И не се само овие пет свештеници и монаси, туку илјадници Македонци биле измачувани и убивани за тоа што се противеле на српското ропство. Има многу книги за тоа (Читајте ја на пример Белиот Терор од Димитар Галев, или Тиквешкото востание во 1913 година од Зоран Тодоровски, или за Охридското востание против великосрпскиот режим). Вистина е и тоа дека Српската црква и српската окупаторска власт дејстувале во „симфонија“, зашто од вкупно 17000 пандури во целото кралство СХС, дури 12000 биле во Македонија (нарекувана Јужна или Вардарска Бановина) за со благослов на четничкиот владика во Скопје Варнава (од нашиот народ наречен Варава), да го тероризираат македонскиот народ за да го прифати „светото србославље“! Не, не, ви благодариме, ние не сакаме признавање од раце окрвавени со македонска крв. Не ни треба такво понижување! А и фала Му на Бога, македонскиот народ доволно покажа дека има такви бесмртни херои кои знаат да се жртвуваат за слободата, како на пример тетовчанката Мара Бунева, која ни тие 12000 пандури не успеаја да ја спречат да го убие „поштовани г. Прелића“ – крвникот на македонскиот народ, кој со ѕверски методи ги измачувал македонските студенти во Скопје само затоа што се изјасниле како Македонци! А да не го заборавиме и симболот на македонскиот отпор кон крвавиот режим на краљ Александар разјединитељ и неговите државни и црковни полтрони, великанот Владо Черноземски, кој во Марсеј достоинствено му одговори на тиранот од името на целиот македонски народ. И, што, зарем не смееме во нашата држава да ги споменуваме имињата на оние што храбро паднале за нејзината слобода? Што ве вознемирува толку тоа? Или можеби се уште ве пече совеста, па сакате повторно со закани и насилство да си ја смирувате? Доста е со лицемерие, дај покажете малку човечност. Не мора да не сакате, но барем луѓе бидете…

    1. @Маријан: Доста си написао, али без неких историјских чињеница чак и неистине. Да би нешто могло да се окупира оно прво мора да постоји. Територија данашње Македоније, пре доласка Османлија, била је део прве српске државе. Према томе, Срби имају историјско и правно – формално право да присаједињење Македоније називају ослобођењем. Случајно (или намерно) мешаш Македонце са Бугарима и побугаренима. Као што сам већ написао, Македонци су били пре ослобођења жртве трагичног грађанског рата као последица брутално насилне бугаризације становништва. Владо Черноземски био је рођени Бугарин и у светској историји је запамћен као терориста. Заборављаш чињеницу да се за ослобођење Македоније српској војсци, током балканских ратова, придружио борбама велики број Македонаца, да поменем неколико познатијих, Јован Стојковић – Бабунски, Александар – Цене Марковић, Јован Цветковић – Долгач и на хиљаде других који су од српске војске добијали наоружање. Поставља се логично питање, каква је то окупација могла да буде у којој „окупатор“ дели наоружање „окупиранима“?! Иако су у међуратном периоду чињене грешке неоспорно је да је Македонија у међуратном периоду значајно напредовала у сваком погледу. Одлазак Османлија Македонија је дочекала са две трећине потпуно неписменог становништва, без путева и основне инфраструктуре. За само десетак година направљено је више од хиљаду километара путева, број школа је увећан четири пута. У Скопље је уложено преко милијарду тадашњих динара. Од турске касабе постало је европски град. Добило је струју, воду канализацију, позориште (у коме су се изводиле представе македонским говором!), универзитет равноправан са београдским, филхармонију и многе друге институције цивилизованог друштва укључујући чак и хигијенски завод. Да ли је ово онда била „окупација“ или братски загрљај? Стварно је срамно да акције убачених бугарских терориста (тзв. Тиквешки „устанак“) називаш борбом македонског народа… Уосталом, њега су угушили сами Македоци, а не југословенска полиција. Повећан број пандура није био због Македонаца него због непрестаног убацивања терориста из Бугарске. И сами Македонци су се укључили у ту борбу. Тако је основано „Удружење против бугарских банди“ чији је истакнути члан био Стојан Мишев, таст Кире Глигорова.

      Да Македонци никада нису били непријатељски настројени према Србима говоре и занимљиви подаци из преведених османских пореских књига штампаних пре четрдесетак година у Скопљу. Током османске владавине многи Македонци крштавали су мушку децу именом Србин. О томе у свом „Тројезичнику“ пише и Ђорђија Пулевски:
      „Пн.
      Што је Србин и какво је това име кажими да знам ?
      Од.
      Србин је име, христијанско и мушко, а срби се мнозина иљи имиња, иљи људи а србиновци је кућа која се зовед така. „ . Због тога ми је твој пост врло чудан.

      Теби, очигледно је, мили Бугари две године су бојним отровима гађали цивилно становништво Битоља (по први пут у историји ратовања) под изговором да су то „србомани“.

      Македонија је врло кратко била део Србије и то углавном током ратних година. Стварањем Карљевине СХС, а затим Југославије краљ Александар тежио је јачању југословенства и то је била и званична просветна политика. Он је био човек испред свога времена, нажалост, спутаван од национално неиживљених. Одговорно тврдим да ни једном Македонцу који је поштовао законе Краљевине Југославије није фалила ни длака са главе. Напротив, та држава била је зачетник њихове пуне афирмације.

      И на крају да ти одговорим на прво питање о какнонском устројству. То је устројство у коме такозвану „МПЦ“ нико међу православнима не признаје и у коме Пећка патријаршија, коју сви признају, жели да да афтокефалију вернима у Македонији али да то не буде урађено насилно, како је учињено у доба комунистичке владавине Ј. Б. Тита, него да се грешке тада направљене, уклоне и да се поступи по црквеним правилима установљеним пре много векова.

      И да поновим оно што сам написао у предходном посту. Не правите непријатеље од оних који вам то нису.

      1. Ви благодарам, г. Мичко, што со овој ваш последен коментар многу ми помогнавте да убедам еден мој другар (а верувам и многумина други) во се’ уште постоечката национал-романтична великосрпска злоба. Навистина многу ми помогнавте, бидејќи не требаше долго за да ги покажете Вашите рогови и алчни претензии кон Македонија (па дури и полагате некакво историско право!?) Но, ако и да не ја познавам добро историјата на шумадиското свињарство, тогаш, бидете уверен, историјата на сопствениот македонски народ и на Македонија одлично ја познавам. Вие треба малку да повежбате математика: просто собирање на години. Израчунајте и ќе видите дека српската власт во Македонија во историјата била најкратка од сите, и, секако, во поново време најозлогласена и најкрвава! Затоа, Вие немате никакво, ама баш, никакво право над Македонија! Подобро ќе биде да си ги соберете претензиите оттука и да си гледате да не го изгубите и белградскиот пашалак. Зашто, заради вакви, занесени во облаци, квазинационалисти како Вас, страда, кутриот, и побожниот српски народ, ни крив ни должен. Ве молам да се преиспитате подобро, оти (не знам дали навистина сте таков, ама) делувате како ѕверолик (не)човек што оправдува ѕверски геноциди над цел еден народ. Така, на пример, во масовното Тиквешко востание на македонскиот народ против српското ропство, српската војска (во содејство со турскиот башибозук) биле масакрирарала над 2000 Македонци; голем број мажи, жени, деца и старци биле убиени, заклани и живи изгорени. 150 кавадарчани биле врзани на кол во центарот на градот и биле оставени да висат 30 часа под пеколното сонце, а после тоа заедно со уште 50 други кавадарчани биле одведени во месноста Полјаната и стрелани. Запалени биле над илјада куќи, а околу 2.700 луѓе биле затворени. Војската вршела страшен терор и во реонот околу Криволак – колеле луѓе, а во фурни ги гореле децата. При задушувањето, пак, на Охридското востание, кренато исто така против ѕвероподобниот режим на тиранот Александар, српските војски и чети извршиле масовно насилство и материјална штета врз населението во востанатите области. Врз основа на специјалната Уредба за општествена безбедност во новоприсоединетите области, бил извршен страшен терор. Особено безмилосно дејствувале четниците на српската народна одбрана. Од 160 учители само 10 не биле затворени. Во Охридска околија биле изгорени околу 30 села, а меѓу Охрид и Гостивар биле опустошени дури 180 села. Во Охрид биле убиени осум свештеници, петмина учители и многумина други видни граѓани. Убиени се и околу 500 Турци и Албанци. Другиот востанат регион, Дебарско, исто така бил подложен на пустошење. Градот бил речиси целосно уништен. Биле опожарени и ограбени десетина села. При одбраната на Дебар загинаа над 300 востаници, а биле убиени и стотина невини жители. Во Кичево и кичевско од страна на српските војници и чети биле убиени над 100 души македонски и албански првенци. Освен тоа како приврзаници на востаниците повеќе од 150 лица биле жестоко претепани. Како резултат на тепањето 17 од нив умреле. Во селото Пласница, Кичевско, биле убиени 46 души, а 5 куќи биле изгорени. Во селото Ѓавато се убиени над 40 лица. (Проверете ги ако сакате овие податоци во било кој сакате писмен документ и сведоштво од тоа време) Каде се тука Вашите путови, школи, автопати… со кои гордо се фалите? Значи, Мичка, во право бевте дека српската окупација на Македонија беше еден „братски загрљај“, ист онаков како што Каин го прегрна брата си Авал, само не на квадрат, туку на стотка. И ете, ние, ден денес од тој стисок на вашиот „братски загрљај“ глава не можеме да кренеме! Доста е, брачо, не мора повеќе братски да не’ сакате! А и за тие таквите, мизерните души, како Јован Бабунски, имаме добри познавања, бидејќи ги гледаме воскреснати во продолжената рака на великосрпскиот хегемонизам – ПОА и во нејзиниот архичетник Василије Трбиќ… уствари Јован Вранишковски се викаше современиов.
        И така, драги Мичко, подобро е човек да има илјада искрени непријатели, отколку еден лажен и лицемерен пријател.

        1. Нема у мом предходном коментару никаквих претензија или увреда приказао сам само чињенице. Ако је господин Василије Трбић (војвода Васил велешки) био толико лош морам да поставим питање зашто су га онда прилепчани бирали, слободном вољом и на слободним изборима и у различитим мандатима, не само за градоначелника него и за народног посланика у скупштини Југославије?! Да вас подсетим Василије Трбић био је ожењен Теовчанком Милицом и добар део живота провео је у Македонији (дакле, није био „инсталиран“). Поделио је, између осталог, 1000 хектара земље прилепчанима чији су чланови породица били жртве бугарских зверстава. Сва локална власт у Македонији између два рата била је у рукама локалног становништва. То важи и за народне посланике у Скупштини Краљевине Југославије.

          Не приписујте југословенским властима обрачуне којима су локалне четничке снаге угушиле и коначно привеле крају грађански рат који је, нажалост трајао више деценија. Не служите се неистинама и увредама као против-аргументима. Војска није учествовала у гушењу тзв. Тиквешког устанка нити било које грађанске побуне у земљи. То је, између осталог, било противно уставу. Превише користите бугарске читанке, а премало чињенице. Због таквих „Македонаца“, углавном убациваних из Бугарске, су сами Македонци формирали „Удружење против бугарских банди“. Када сте већ писали о том „Тиквешком устанку“ могли сте да напишете колико је терориста из Бугарске у њему учествовало и колико су, том приликом, побили Турака?

          Да поновим, ни једном Македонцу који је поштовао законе Краљевине Југославије није фалила ни длака са главе. Не подмећите егзархијске учитеље и не приказујте их као Македонце јер они су били македонски издајници или од егзархије инсталирани Бугари.

          Готово комплетна путна структура данашње Македоније формирана је између два рата. Касније су ти путеви осавремењени, неки су постали аутопутеви. Краљевина Југославија је уложила много у Македонију, сходно својим могућностима. Некадашња железничка станица у Скопљу (данас музеј града Скопља) била је најлепша станица у овом делу Европе. Током последњег светског рата Бугари су је бомбардовали. Иако је после рата обновљена, током земљотреса управо тај обновљени део се срушио јер је структура била растресена од бомбардовања.
          Не бих даље да коментаришем. Све што сам навео о изградњи између два рата је лако проверљиво.

          Обзиром да у Македонији имам фамилију и пуно познаника знам да мојим писањем нисам никога повредио јер многи од њих мисле исто као и ја. Нису случајно Македонци крштавали децу именом Србин све до недавно. Познати македонски етно-географ академик Јован Трифуноски пише о томе, између осталог у свом раду “Лично име Србин у крајевима данашње Македоније”:

          „Ја сам у родном селу Врутоку на извору Вардара код Гостивара дечаштво (1914-1925) провео у кућној задрузи са око 20 чланова. Старији брат мога оца Филип имао је крштено име Србин и умро је око 1940. године. А његову жену, са девојачким именом Израелка (скраћено: Иза) ја са својом браћом и сестрама називао сам стрином Србиницом. Примера таквих имена мушкараца и жена било је много.

          Само у ближој околини Гостивара мушкараца са именом Србин, и њихових жена у народу званих Србиница, у међуратном периоду (1918-1941 г.) познавао сам у овим селима: Печкову, Здуњу, Горњој Ђоновици, Сушици, Врутоку, Среткову, Церову, Тајмишту итд.

          Уопште – био је добро раширен народни обичај да се мушкој деци, поред других имена, на крштењу давало и поменуто име Србин. Свет је био веома навикнут на то карактеристично име. Међутим, ову интересантну појаву из народног живота на југу земље, још нико од етнографа није запазио и посебно проучавао.

          И следећа занимљивост.Једна посмртна листа на улицама Скопља из 1980 године имала је напис Србин Србиноски. Радило се о умрлом досељенику из западног дела Повардарја (околина Кичева).”

          1. Гледам дека сте усвитена глава и не сакате да прифатите никави факти, а уште помалку да се соочите со реалноста. Нема повеќе да Ви коментирам, очигледно е бесполезно. Само ќе ви го оставам на Вашата совест тоа што се гордеете со еден таков ѕверски крвопиец како Василије Трбиќ, кој како монах-четник ладнокрвно убил неколкумина други монаси на Света Гора, па морал да го напушти монаштвото и како четнички водач да ја задоволува својата страст за убивање.

  10. Zosto da se macime i napagjame megjusebno nie braka vo HRISTOS !!!
    Tekstot e vistina i zboruva za edno vreme /nevreme ,koe najlosho se odrazi na nas makedoncite,….prifatetego toa kako fakt,no idninata e pred nas i megjusebnoto pocituvanje e izlez od loshoto minato !!!
    HRISTOS pomegju Nas !

  11. Marjane, ti si najgolemiot zastapnik na Bugarskata egzarhisticka i Vatikanskata teorija , pa donekade i na komunistickarta pa duri i teorijata na VMRO koi vo kalboracija stvoriia teorija kon krajot i sumrakot na Otomanskata imperija(krajot na 19 vek) , zaradi neutraliziranje, ili ako sakas poprecizno udar na srpstvo i srpskoto bitie na Balkanot stvoria nova nacija , takanarecena Makedonska nacija. Taa teorija ja potvrdia komunistite, a ja nasledija VMRO-vcite.Od jaka Srbija se plasele i Bugari i Vatikan i komunistite pai aktuelnite VMRovci . Za se se naslo igoovor i opavdanie samo da se unisti srpstvo na racun nekoja si no9va nacija , so koja lesno ce se spravat site napred spomenati, a najgolema polza ce imaat Siptarite i Velika Albanija. Negiranje na i napad na Srbija vo Makedonija e samo vo korist na Albanija, ama Albanija nema na nikogo da kaze fala , poleka si ja vrsi svojata rabota.

  12. Бугарски лаги и најголеми воени злосторници да не заборавиме првиот отровен гас бугарите го фрлија у Битола 1917 и испотепаа преко 30000жители само у Битола

  13. Marjane, ovie podatoci za silnite bitki vo Tikvesijata, pa ohridskoto i site drugi sto gi prepisuvas na srpskata vojska vo , kako velis ,,okupirana,, Makedonija, se bitki so onie koi mrtvite osloboditeli na Makedonija gi gadjale na Zebrnik i vo Skopska crna gora. Pogledaj go Zebrnik , poseti go ako imas hrabrost i se ke ti bide jasno koj i zosto gadja i rusi grobovi.Proanaliziraj go dobro komentarov na nezavisniot teolog, pa polno sto ke ti bide pojasno

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *