Почетна Анализа Како се вика МПЦ-ОА?
Како се вика МПЦ-ОА?

Како се вика МПЦ-ОА?

2.40K
5

Одлуката на Романската православна црква за признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА е една од најразочарувачките одлуки во целиот овој процес. Истовремено таа одлука веројатно треба да биде сериозно отрезнување за МПЦ-ОА, дека патот по кој се движи во остварувањето на својот историски и вековен сон за автокефална црква е погрешен, а веќе станува и недостоен.

Романската црква е една од оние цркви, кои имаат голем авторитет и влијание во православниот свет и која во изминативе барем 30 години, додека МПЦ-ОА беше во црковна изолација, немаше никаков проблем, ниту со името, ниту со вистината за посебноста на МПЦ, туку напротив беше една од ретките цркви кои имаа екстремно блиски релации со МПЦ-ОА.

Јавна тајна е дека македонски архиереи и за време на шизмата сослужуваа со архиереи на Романската Црква, размена на монашки искуства, преземање на отпусти од Света Гора со цел да се запазат канонските редови и ред други нормални комуникации. Црква која немаше никаков проблем ниту со именувањето по националниот апсект на МПЦ-ОА. Црква вистински пријател на МПЦ-ОА.

Во тој контекст треба да се бара и причината зошто Романските архиереи одлучиле и да го прифатат Томосот на СПЦ за автокефалноста на МПЦ-ОА и да ја признаат црквата како рамноправна автокефална црква. Но, она што дојде како гром од ведро небо е нејзината одлука за новоименување на МПЦ-ОА. Одлуката донесеа на последниот Собор на романските архиереи ниту од далеку не кореспондира со она што досега беше некаква релација на почитување меѓу двете цркви. Во нејзе пишува дека одобруваат признавање на автокефалноста доделена на Црквата на Република Северна Македонија под името „Архиепископија Охридска и на Северна Македонија, со седиште во Скопје“.  Практично Романската црква и даде на МПЦ-ОА сосема ново име, како една голема кованица и несвоиствена за именување на православна црква.

Дополнително поглаварот ќе биде именуван  со титулата „Блажениот отец Стефан, Архиепископ Охридски, Скопски и на Северна Македонија“, што исто така е решение кое првично збнува, знаејќи ги досегашноте релации на оваа црква со МПЦ-ОА.

Но, оваа одлука на Романската црква е пресвртница за отрезнување, ако тоа некој во Синодот на МПЦ-ОА и воопшто го разбира.

Зошто?

Откако Вселенската Патријаршија на 9 мај 2022 година ја врати МПЦ-ОА во канонско единство во Православниот Свет, под името Охридска Архиепископија, СПЦ додели Томос за автокефалост на МПЦ-ОА со обврска МПЦ-ОА во иднина своето име да го дефинира со гркојазичните и останатите помесни православни цркви. Од деделувањето на тој Томос, една политичко-црковно-русофиласка структура, во и околу МПЦ-ОА, ја убедуваше црковната, но и општата јавност во Македонија, дека тој Томос е извојувана побеада и завршена приказна со автокефалноста на МПЦ-ОА, притоа алудирајќи дека треба да се прекинат сите процеси кои уште во 2018 година беа почнати пред Вселенската Патријаршија, (која патем од тој процес одлучи да ја извади МПЦ-ОА од шизма) и да се чека на се општо прифаќање на Томосот на СПЦ (кој во ниту еден момент нема никаква канонска оправданост), лажејќи ја јавноста дека МПЦ-ОА е призната како „македонска“ црква. Се сеќавате на изјавите дека сите ќе ја признаат МПЦ-ОА, како „македонска“, а грчкиот блок цркви ќе ја признаеле како „охридска“

Таа поразителна политика денеска резултира со оваа одлука на Романската Правослалва Црква. Но, не само на романската. Тука е и Црквата на Чешка и Словачка, а последно и на Грузија.

Во реалноста работите стојат сосема поинаку од она што овде и се сервира на јавноста.

Од 14 помесни православни цркви и дополнително уште една Православната Црква на Украина, Томосот на СПЦ за автокефалност на МПЦ-ОА го признаваат четири Православни цркви и една со се уште недефиниран статус.

Тоа се СПЦ, која го издаде Томосот, Руската, Бугарската и Романската Православна Црква.

Петтата, Православната Црква на Чешка и на Словачка донесе недефинирана одлука дали го впишува, или не, во диптихот името на Архиепископот г.г. Стефан, но е во контекст на прифаќање на МПЦ-ОА во сослужување.

Но, сите овие пет цркви во своите одлуки имаат различни имиња и за називот на МПЦ-ОА и за титулата на Архиепископот.

СПЦ, која издаде Томос и ја признава МПЦ-ОА под ова име, во Томосот навдедува дека МПЦ-ОА треба своето име да го дефинира со гркојазичните цркви. СПЦ официјално, кога станува збор за јавна коресподенција речиси и да не го коириси името МПЦ-ОА, а Патријархот Порфириј во литургиите поглаварот г.г. Стефан го споменува како „Архиепископ Охридски“, без користење на придавката „македонски“.

Руската православна црква на МПЦ-ОА и се обраќа под името МПЦ-ОА. Архиепископот Стефан во диптихот на РПЦ е заведен како „Архиепископ Охридски и Македонски“, но во пракса Рускиот Патријарх не го споменува, бидејќи користи општа формулација „Спомни си Господи за поглаварите на помесните православни цркви’, бидејќи поради проблемот со Православната црква во Украина ги има прекинато сослужувањата со сите цркви кои го признаа Томосот на Вселенската Патријаршија за Украина.

За Бугарската Православна црква веќе е познато дека донесе одлука да го користи едно од најпонижувачките имиња за МПЦ-ОА, но и во титулата на архиепископот. Името кое и го даде на МПЦ-ОА е „Православна црква на/во Република Северна Македонија“, а Архиепископот Стефан во Диптихот го заведе како „ Архиепископ Северномакедонски“(„Блаженейшаго Стефана – Архиепископа Северно-Македонскаго”.

Сега и Романската православна црква влече нова кованица и ново име на МПЦ-ОА. Ја именува како „Архиепископија Охридска и на Северна Македонија, со седиште во Скопје“, а во  титулата на поглаварот г.г. Стефан запишала „Блажениот отец Стефан, Архиепископ Охридски, Скопски и на Северна Македонија“.

И петтата помесна православна црква која на некој начин го прифати Томосот на СПЦ, Црквата на Чешка и на Словачка има свое име на МПЦ-ОА. „Православна црква во Северна Македонија“.

И ако се анализираат одлуките на овие цркви МПЦ-ОА практично има четири имиња и уште толку различни титули Архиепискпот г.г. Стефан

-Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија

-Православна црква на/во Република Северна Македонија

-Архиепископија Охридска и на Северна Македонија, со седиште во Скопје

– Православна црква во Северна Македонија

Титулирањето на Поглаварот г.г. Стефан според овие одлики изгледа вака:

-Архиепископ Охридски

– Архиепископ Северномакедонски

– Архиепископ Охридски, Скопски и на Северна Македонија…

Што е овде заденички именител за именувањето на црквата и титулирањето на поглаварот?

Лагата дека МПЦ-ОА е признанаена како „македонска“ црква. Тоа е едниот, но многу поважниот заклучок е што се ова подразбира и целосно губење на правото на идентификација со историјата на древната Охридска Архиепископија, нешто што на дланка го понуди Вселенската Патријаршија. И тука лежи најголемиот проблем.

Причината е едноставна. Сите православни цркви го знаат канонскиот поредок дека националните имиња не се дел од официјалните именувања на црквите и затоа тие сега вадат име кое се поврзува со името на државата, но најголемиот проблем настанува кога тоа име не се поврзува со Охридсаката архиепископија.

Разликата меѓу овој квази Томос за автокефалност од СПЦ и реалниот канонски Томос од Вселенската патријаршија е токму во оваа импровизација на разноименувања на црквата. Томосот на СПЦ со лажно именување МПЦ-ОА,  остава простор за вакви циркузијади од именувања. Томос од Вселснката патријаршија со име Охродска Архиепископија ќе значеше општо признато име од сите православни цркви, со непречена самоидентификација и со национален преднзак дома без каков било ризик за историскиот континуитет со древната Охридска Архиепископија.

Но, процесот не е завршен. Не е завршен во поглед на целосното прифаќање на МПЦ-ОА во православниот свет, но сосема извесно е дека е завршен во поглед на лажната пропаганда дека МПЦ-ОА е призната и дека некој нејзе и се обраќа како на црква со национална придавка „македонска“, како што тоа во Македонија го сервира руската попаганда, внатре, но и околу МПЦ-ОА.

Одговорот на тоа е сосема прост и едноставен. До крајот на овој процес остануваат уште одлуките на десет помесни православни цркви.

Од нив, пет цркви веќе имаат одлуки за прифаќање на одлуката на Вселенската Патријаршија за враќање на МПЦ-ОА во канонско единство во православниот свет, но не и признавање на Томосот на СПЦ за автокефалност. Тука се Вселенската Патријаршија, Грузиската Патријаршија, Антиохиската Патријаршија, Грчката Црква и Послската Црква.

Остануваат уште пет православни цркви кои засега немаат донсено се уште одлука, иако ги имаат примено писмата и на Вселенската Патријаршија и на СПЦ.

Тоа се Ерусалимската Патријаршија, Александриската Патријаршија, Албанската црква, Кипарската и Украинската. Три од овие цркви се гркојазични и останатите две, кои сосема извесно е дека во именувањето на МПЦ-ОА нема да ја користат придавката „македонска“.

Што значи крајот од рускиот казачок, на кој се фатиле одередени поединци, во и околу МПЦ-ОА, ќе заврши со своевиден референдум за името на МПЦ-ОА. Од тој референдум МПЦ-ОА ќе изгуби се и ќе стане една нова Православна Црква на Северна Македонија од 2022 година со половично признавање на автокефалноста и инструмент на Црковна Москва за трампање во некоие идно време во односите со Вселенската Патријаршија.

Можност за враќање на процесите во нормала, иако минимална, се уште постои, а со тоа и за обезбедување на вековниот идеал за канонско возобнување на древната Охридска Архиепископија… но само како можност, која зависи од самите Архиереи на МПЦ-ОА.

ЦРКВИ КОИ ГО ПИРЗНАВААТ ТОМОСОТ НА СПЦ

-СРПСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

-РУСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

-РОМАНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

-БУГАРСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

-ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА НА ЧЕШКА И НА СЛОВАЧКА (НЕДЕФИНИРАНА ОДЛУКА)

ЦРКВИ КОИ ОДЛУЧИЈА ДА ЈА ПРИФАТАТ ОДЛУКАТА НА ВСЕЛЕНСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА ЗА ВРАЌАЊЕ ВО КАКОНСКО ЕДИНСТВО НА МПЦ-ОА И НЕ ГО ПРИЗНААТ ТОМОСОТ НА СПЦ

-ВСЕЛЕНСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА

-АНТИОХИСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА

-ГРУЗИСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА

-ГРЧКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

-ПОЛСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

ЦРКВИ КОИ НЕ ДОНЕЛЕ ОФИЦИЈАЛНА ОДЛУКА

-ЕРУСАЛИМСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА

-АЛЕКСАНДРИСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА

-АЛБАНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

-КИПАРСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА

-ПРАВОСЛАВНАТА ЦРКВА НА УКРАИНА

Пишува: Марјан Николовски

 

Коментар(5)

  1. Наспроти асфалтираната и добро со знаци обележана магистрала, некој реши да го следи српскиот GPS со руски мапи. Затоа скршнавме на макадам со сомнителна сигнализација. Се плашам дека на тој пат: 1) ќе се изгубиле вртејќи се во круг и 2) ќе ја испоршиме колата и после никој нема да сака да ја регистрира на технички преглед. Наравоучение: „Тревата секогаш изгледа позелена кога е лажна. “

  2. Анализа на место! Директно во сржта! Од гулаб в рака, сега немаме ни врапче на гранка. Празни раце, празни сништа. Во развиените земји за вакви политчки утки се сносува одговорност, но овде е МКД…

  3. Господине Николовски. Престанете со обвинувања на луѓето во МПЦ. Сите знаеме дека името на Македонија и на МПЦ е проблем и секогаш бил проблем. Тој проблем не доаѓа од Србија, од Романија, од Русија, од Грузија. Едноставно треба да се почека официјалниот томос од Вселенската Патријаршија. Дотогаш смирете се, сослужувајте и со трпение. Вас и така нема никој да ве праша … се изедовте одвнатре самите, правејќи се кој од кој поголем експерт … а се беше досега, се е и се ќе продолжи да биде единствено од Бога … а вие ако сакате на глава застанете и сликајте се …

  4. Gluposti. Prestanete so makedonizmot sto nikogas ne postoj. Nas sega vo ovije posledni vreminja ni treba da se smirime i da bideme edna kanonska crkva za da zivejme so site pravoslavni zajedno.

Напиши одговор на православието е љубов Cancel reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *