Почетна На иста страна Како репрезентативниот голман ја одбрани својата забранета љубов?

Како репрезентативниот голман ја одбрани својата забранета љубов?

630
0

Поранешниот репрезентативен голман, денес тренер на чуварите на мрежата на македонската репрезентација, Гого Јовчев и неговата животна сопатничка Зана Јовчева, во емисијата „На Иста Страна“ ја раскажаа својата животна приказна во која љубовта успеала да ги победи сите предрасуди. Тие денеска се среќно семејство, во кое има место и почит и за двете религии. Муслиманската на која и припаѓа Зана и православната во која е израснат Гога.

-Најважно од се беше да помине време, велат денеска среќни и задоволни и Гога и Зана, кои решиле заедно да останата на патот на љубовта во моментите кога најблиските, околината, пријателите дознале за нивната „забранета љубов“.

-Најголем проблем беше верата. Тоа што Гого е православен. Друг проблем немаше, се присетува Зана.

Зана и Гого се еден од позитивните пример во последната епизода од емисијата На Иста Страна, која го истражува феноменот на мешани верски бракови.

Во емисијата на таа тема, отворено зборуваат и теолози на МПЦ, ИВЗ и на Католичката црква во Македонија.

Погледнете ја целата емисија, во која покрај ексклузивните сведочења на Зана и Гога, ќе видите и примери на денес популарните бракови со жени од Албанија, многу статистика, социолошки анализи, како и искуства и случки од просториите во матичните служби.

Емисијата „На Иста Страна“, која е трагач по заедничките вредности на различните религии во Македонија, се емитува на ТВ. Сител секоја сабота од 11 часот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *