Почетна Анализа Како правилно се слават празниците?
Како правилно се слават празниците?

Како правилно се слават празниците?

1.60K
0

Како правилно се одбележуваат празниците. Што и како е важно за еден празник, што е традиција, што е безвреден обичај. Оваа дилема секогаш е присутна кога се чествуваат големите христијански празници. Во разни делови на Македонија има и разни обичаи и традиции, пренесувани од генерации, но и самоизмислени во поново време.

Суштината на празнувањето секогаш е врзана со Црквата, впрочем, тоа се црковни празници, а не наследен традиции.

Начинот на празнување треба секогаш да биде во согласност со преданието на црквата, да произлегува од учењето, всушност да го изразува, да биде во контекст на тоа што го одбележуваме, т.е. празнуваме. Тоа, според отецот Бобан Митевски, свештеник во скопската епархија, е главната поента на одбележувањето на верските празници.

Иако свештенството на Македонската православна црква-ОА секојдневно се обидува да им укаже на дилемите на верниците за практикувањето на обичаите за време на празниците, сепак се случува да се повторуваат истите ритуали за време на литургиите, кои, според свештенството, не се во согласност со православното учење.

praznik 1Отецот Бобан нагласува дека на Велигден не се посетуваат верските храмови, само поради кружењето околу црквите, туку поради присуството на литургијата, која следува по кружењето.

Свеќите што верниците ги држат во рацете ја симболизираат светлината на воскресението, не треба сами да ги палат, туку од свеќите со кои свештеникот излегува од олтарот, раскажува отецот.

– Ако не можеме сите да досегнеме до тие свеќи, тогаш ги палиме свеќите од оние што веќе ги запалиле. Значи се треба да биде темно, се е изгаснато, дури и кандилата во храмот. И одеднаш се се пали, блеснува воскресенската радост -нагласува отец Бобан.

Пред Велигден се Велики Четврток и Велики Петок. Овие два дена кај народот најмногу се познати по два сегмента. Едниот на Велики Четврток е бојадисувањето на велигденските црвени јајца и вториот на Велики Петок, протнување под плаштеницата. Црквата вели дека на овие денови се оди во храмот за да се присуствува на богослуженијата, кои живо ги внесуваат верниците во евангелските настани со страдањата Христови – осудувањето, тепањето, затворот, распнувањето и смртта.

Така, се поклонуваат пред крстот и го целиваат распнатиот Христос, ја целиваат плаштаницата, на која е изобразен починатиот Спасител, а која се наоѓа на епитафот (гробот).

praznik 3Традицијата за протнување под гробот нема никаков контекст, односно не е поврзана со настаните што се одбележуваат, а најмалку тоа треба да се прави од причина дека ќе му донесе некому среќа, успех итн.

Уште повеќе, во црковните песни се пее дека гробот се запечатува, се затвора. Од друга страна, и самиот акт е недостоинствен, односно недоличен. Значи верниците треба да пристапат кон епитафот, односно плаштаницата, со која е покриен гробот, да го целивааат (бакнуваме) положениот Христос, да оставаат (ако сакааат) некаков дар и да застанат отстрана, вели Црквата

Отец Бобан Митевски, објаснува дека чинот на кршење на Велигденските јајца не е натпревар и воопшто не е важно чие јајце ќе биде најсилно, повеќе е важно да се скрши – зашто на тој начин го симболизираме воскресението Христово.

praznik 2Црвената боја, како што објаснува тој, ја симболизира крвта Христова, а јајцето го симболизира гробот во кој Христос беше погребан.

– Кршењето на јајцето го симболизира воскресението Христово. Како што од јајцето излегува плодот, кој носи живот, така и од гробот излегува оној што е самиот живот. Кога се удираме со јајцето велиме „Христос воскресна“, а отпоздравуваме со „Навистина воскресна“. Воопшто не е важно чие јајце ќе биде најсилно, повеќе е важно да се скрши – зашто на тој начин го симболизираме воскресението Христово – додава отецот Бобан.

Тој истакна дека јајцата не се јадат по кружењето околу црквата, туку по литургијата.

– Ако јадеме пред завршувањето на литургијата, значи дека сме го прекршиле постот – посочува отец Бобан.

Според него, верниците што се подготвени за причест со пост, примерен живот со добри дела, исповед и благослов од духовниот отец треба да се причестат ноќта по полноќ, на литургијата или, пак, утредента, на самиот ден Велигден, во оние храмови каде што се служат утрински литургии.

– Не е благословено и добро доколку отидеме во црква само да се причестиме, без да отстоиме на целата литургија – додава отецот.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *