Почетна Анализа Kако поранешната тајна служба се пресметувала со македонските свештеници – Распарчено тело на свештеник фрлено во двор на црква
Kако поранешната тајна служба се пресметувала со македонските свештеници – Распарчено тело на свештеник фрлено во двор на црква

Kако поранешната тајна служба се пресметувала со македонските свештеници – Распарчено тело на свештеник фрлено во двор на црква

1.54K
2

Десетици македонски свештеници во првите повоени години тешко страдале по затвори бидејќи се бореле за самостојна Македонија и за самостојна црква не сакајќи МПЦ да биде потчинета на друга црква, вели Билјана Пековска, авторка на книгата „Свештеници маченици“, што вчера беше промовирана во Црквата Пресвета Богородица во Скопје

14646614_10209918079216056_538523179_oДневниот весник „Дневник“ денеска објавува подетални податоци од содржината на книгата во која се поместени голем број шокантни податоци за маченичкото страдање на македонските свештеници кои се бореле за возобновувањето на Охридската Архиепископија во ликот на Македонската православна црква.

dnevnik-slika-3„И да ги убиете сите свештеници, зар Божјата вистина нема да постои. Насилниците се најдалеку од вистината…“ биле зборови што како одговор тогаш 25-годишниот свештеник Ефтимиј (Драги) Спасев им ги кажал на удбашките функционери во Радовиш во 1945 година и кои го чинеле животот.

Претходно, им кажал уште и тоа дека „никогаш нема да биде црвен комунистички поп оти животот го посветил на Бога“, а на што тајната полиција му се заканила со зборовите дека „нам не ни требаат црни попови и ќе ве убиеме сите!“. Натаму, во наредните месеци во кои уште посилно се зацврстувала комунистичката власт во градот и во Македонија, следувала и егзекуцијата на младиот свештеник кој верувал дека ослободувањето ќе однесе и самостојна Македонска православна црква.

Веќе во јули 1947 година отец Ефтимиј добил покана од некоја жена од радовишкото село Смиљанци за да и го крсти детето. Заминал веднаш со неа а пред да излезе, како да почувствувал нешто лошо, во Светото Писмо кое во тој момент го читал ги поцртал зборовите „Не бојте се од оние што го убиваат телото, туку бојте се од оние кои го убиваат духот“ а книгата ја оставил отворена токму на таа страна. Набргу открил дека поканата е лажна и дека му е направена заседа.

НЕ САКАА МПЦ ДА СЕ ПОТЧИНИ НА ДРУГА ЦРКВА

Злосторниците во чии раце паднал ѕверски го егзекутирале откако претходно многу го измачувале. И не само тоа туку телото крвнички го распарчале а деловите ги ставиле во конопна вреќа која ја натовариле на мазга. Од една страна ставиле трупец а од друга вреќа со парчиња тело. Ги поминале околните села извикувајќи „Еве ви го вашето ВМРО“ и присилувајќи ги луѓето да го клоцат покојниот свештеник. На крајот, вреќата со делови од телото била истурена во дворот на радовишката црква „Свети пророк Илија“ по што остатоците биле закопани тајно, ноќе, со забрана за плачење по покојникот.

14689122_10209918079816071_1509616212_oНеговото семејство, пак, беше принудно иселено во Кичево. Есента, истата година, во Радовиш било организирано тајно судење на кое на отец Ефтимиј, неколку месеци по ликвидацијата му била изречена смртна пресуда затоа што „со група ванчомихајловисти планирал да ја отцепи НР Македонија до составот на Југославија, да ја стави под протекторат на Англија и Америка…“. А по шест децении, во 2007 година неговите коски биле откопани и погребани онака достоинствено како што треба – кај олтарот на радовишката црква во која служел пет години.

Повеќе  прочитајте на „ДНЕВНИК“

Коментар(2)

  1. Kaj dobroupatenite poznavateli na komustickata dejnost vo Makedonja somnitelna e verodostonosta na ovie podatoci koi proizleguvaat od tekstov. Zosto? Zatoa sto nivnata dejnost se nadovrzuva na dejnosta na politikata na velikobugarskata i katolickata propaganda vo Makedonija vo smisla na razbivanje na Slovenstvoto koe e zastapuvano preku dejnosta na Srpskata crkva koja bila vo sluzba na pravoslavieto i na srpskata dinasticka politika po prasanjeto za Makedonija. Komunistite samo ja prodlzile taa politika na razbivanjeto na srpstvoto vo Makedonija koja se fokusirala na nekakvo si utopisticko federatino fraternite–bratstvo na Jugoslovenskite narodi protiv koe bila samo Srpskata crkva , podrzuvajki ja idejata na srpskiot monarhizam.Spored toa, pod udar na komunistite bile samo onie koi go poddrzuvale monarhizmot i politikata na vacem propadnatiot dvor na Karajdordjevicite. Idejata za samostojna Makedonija i samostoijna MPC , e bila vo interes na konunistite,bidejki i mnozina svestenici od Makedonija bile vo sostav na partiznaskite edinici. Pa zatoa na niv im e vetuvana samostojna MPC nakon oslobuduvanjeto od fasizmot i stvaranje na Federativna Jugoslavija, vokolku se razbie Srpstvoto i Srpskata crkva na teritorija na Makedonija. Mozebi ovoj svestenik da e postanal zrtva poradi VMRO-vskite sklonosti i velikobugarski cuvstva, istapi i agitacija, a sekako ne poradi toa sto bil svestenik,ili pak Makedonec. Pa Makedonija za vreme na komunistite se konstituira i zdobiva so republicko drzavjanstvo vo sostav na Jugoslavija kade sto bila dominantna komunistickata ideologija. . Pa nie imame svestenici ucesnici vo NOB na strana na partizanite, i ne e logicno tie po osloboduvanjeto da bidat progonuvani, vokolku nivnoto deluvanje i nastapi ne se kosele so stavotite na KPJ. Mozebi i toa , ovoj svestenik da stanal zrtva na nekoj preterano revnosen lokalen komuisticki mocnik, no sekako ne i na sevkupnat komunisticka politika, kako sto e slucaj so svestenicite pripadnici na Srpskata pravoslavna crkva, kako zagovornici na monarhistickata politika na Kralskata vlada od London.Ne se vidi pricina zosto svestenici koi zagovarale ili bile pripadnici na vacem otcepenata Makedoska od Srpska crkva bi bile progonuvani. Diskutabilno e ova prasanje, zosto i koi svestenici pile pod udar na komunistite vo Makedonija, na pr, kako sto bil vecem poznatiot Metodie , pokasno arhiepiskop Mihail, Gogov, poradi pripadnost na zabranetata VMRO i probugarska politika koja bile vo sprotivnosta na ideologijata na komunistite i navnata programa za ureduvanje na federativnata zaednica na jugoslovenskite narodi.

  2. Денес дознаваме за подвигот на новооткриен Свештеномаченик во нашата Света Црква? Оче Свети Ефтимиј, моли Го Бога за нас! Слава Ти Боже наш Кој ги овенчуваш Своите Светии со невенливите венци на Твојата вечна слава!

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *