Почетна Вера Како бегалците ќе го пречекаат Бајрам?

Како бегалците ќе го пречекаат Бајрам?

38
0

„Тоа што ние го правиме за бегалците е симболично, а тоа што треба меѓународната заедница да го направи е тоа вистинското“, вели Јасмин Реџепи од невладината „Легис“.

Тој додава дека успеале да обезбедат храна за да ги израдуваат бегалците затекнати во пред големиот муслимански празник Бајрам, со ручек и забава.

„Интензитетот на празнување на празниците веќе е голем и се чувствува во двата центри, во Табановце и Гевгелија. Ќе имаат можност децата да се забавуваат утре и задутре“, заврши Реџепи.

Претставници од „Легис“ и од Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ од 20-22 јуни, за време на рамазанските пости, лично ги посетиле камповите за бегалци во граничната зона меѓу Турција и Сирија.  Од Македонија на луѓето затекнати таму однесоа хуманитарна помош, облека и обувки за 350 деца од пет центри за деца бегалци без родителска грижа.

„Во еден момент слушнав пукотници и слушнав што се случува, ми кажаа дека тоа се случува многу често. Не можев да верувам дека границата е блиску и изѕидана со ѕид. Ми беше тешко што тие луѓе се само 2-3 километри далеку од својата држава, а сепак живеат надвор од неа“, истакна Драги Змијанац.

Хуманитарната помош е обезбедена преку средстава собрани од граѓаните на Република Македонија за време на кампањата „Македонија со љубов за Алепо“.

/ТВ21

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *