Почетна Анализа Како 21 век го уништи симболот на 12 век
Како 21 век го уништи симболот на 12 век

Како 21 век го уништи симболот на 12 век

175
0

Две минути пред седум во вечерните часови, од секое место во Париз можеше да се види густиот чад што се извиваше кон небото. И покрај тоа што беше јасно дека ова е голем пожар во центарот на градот, многу малку луѓе помислуваа дека нивната катедрала е во пламен.

Десет минути подоцна на мостовите над Сена беше невозможно да се најде место за да се посматра огнот, исто како што беше невозможно да се избегне облакот на тага што почна да паѓа врз Франција – и надвор од нејзините граници. „Само кога моите солзи би можеле да го изгаснат овој оган“, телевизискиот водител Бернар Пиво го кажа она што многумина го чувствуваа, вели Хаарец.

Ова беше првиот пожар во историјата на катедралата, неверојатен факт кога ќе помислите на сите опасности што таа ги преживеала откако почнала да се гради во 1163: од верските војни до нацистичката окупација преку Француската револуција. Последниот пожар на тоа место се случил во 9 век, кога пламнала црквата, што ја овозможило изградбата на сегашната катедрала.

Сепак, ако некаде во фантазијата на светот воопшто може да се најде распламтен Нотр Дам, тоа е благодарение на Ѕвонарот на Виктор Иго, чие гневно пророштво одненадеж се исполни – во една пријатна париска вечер во 21 век. А 21 век е тој што доведе до оваа катастрофа: на локацијата се врши реновирање и се чини дека тоа е поврзано со избувнувањето на огнот. Целта на реновирањето беше да се направи покривот на катедралата достапен за лицата со посебни потреби, според прописите на Европската Унија. За работата на инсталирање лифт во оваа историска зграда од средниот век биле одговорни Ватикан и француската католичка црква, според францускиот систем на поделба на религијата и државата.

Францускиот претседател Емануел Макрон го откажа планираното обраќање до нацијата за економијата и им се приклучи на спасувачките служби на местото на настанот. Многу работи сега зависат од Макрон, за тоа како тој ќе ја претстави катастрофата – но најмногу од неговата одлука за очекуваната реставрација на катедралата. Втората најважна катедрала во Франција, катедралата Нотр Дам во Ремс, била уништена во Првата светска војна и набргу била повторно изградена. Многу мал број посетители денес знаат дека посетуваат реконструкција. Ни Нотр-Дам од Париз не е навистина од средниот век, на пример, дрвениот покрив паднал во 19 век, а делот што се реновира е додаток од 14 век.

Кога ќе стане познат обемот на катастрофата – дали се оштетени витражните прозорци, централната молитвена сала и, всушност, целото приземје – на Макрон ќе му бидат потребни зборови на утеха, но главно дух на оптимизам за обновата. Лесно е да се замисли што ќе рече лидерката на Национално обединување, Марин ле Пен, во нејзината кампања за изборите во Европскиот парламент што ќе се одржат следниот месец. Денеска беше официјално соопштено дека никој не е повреден, но како што предупреди Виктор Иго, ќе има уште многу жртви.

/MKD.MK

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *