Почетна Вера Каде ќе служи Архиепископот Стефан за Велигденските празници
sv. dimitrija

Каде ќе служи Архиепископот Стефан за Велигденските празници

252
0

Архиепископот г.г. Стефан отслужи света литургија на Велики Четврток во црквата Свети Димитрија во Скопје.

sv. dimitrija 1Архиепископот на МПЦ и следните денови за велигденските празници ќе служи во црквите во Скопје. Вечерва во Соборниот Храм, Св. Климент Охридски беше служена вечерна литргија.

За Велики петок, кога во Црквата не се служат литургии, Архиепископот ќе изврши „Оплакување на Спасителот Господ Исус Христос во Архиепископскиот соборен храм „Св. Климент Охридски“ – Скопје.

На Велика Сабота во храмот „Св. Наум Охридски“ во Радишани ќе има утринска служба и полноќен опходот околу Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ и објавата на Христовото Воскресение.

sv. dimitrija 2Традиционално за Велигден Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан ќе богослужи Воскресна Литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ – Скопје.

На вториот ден од Велигден Архиепископот ќе богослужи во храмот „Св. Петка“ во Црниче, а на третиот ден Велигден во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“  во Центар.

За Источен петок (Балаклија), Архиепископот Стефан ќе служи во црквата  „Св. великомченик Георгиј“ во Трубарево.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *