Почетна Вести Христијанство Каде е владиката Наум?
Каде е владиката Наум?

Каде е владиката Наум?

924
1

Викарниот епископ на струмичката епархија Јаков Стобиски целосно го презема литургискиот живот во оваа епархија и од неговото устоличување за епископ ги служи сите литургии, вклучувајќи ги и најважните црковни празници.

Верници од струмичката епархија неколкупати барат одговор од редакцијата на “религија.мк“, дали имаме информации каде е Владиката Наум и зошто тој не е дел од редовните литургиски служби во епархијата.

Тие велат дека Епископот Јаков е исклучително позитивна личност и со задоволство одат на литургиите, но сепак отсуството на Владиката Наум за нив им причинувало празнина во литургискиот живот.

„Религија,мк“ нема официјална информација зошто отец Наум не веќе подолго време целото управување на епархијата му го препушта на отец Јаков, но од она што може да се забележи од информациите објавени на сајтот на струмичката епархија, Владиката Наум во последните седум месеци учествувал само на замонашувањето на две монахињи во струмичката епархија. Останатите литургии, вклучувајќи го и Рождеството Хрстово и Воскресението Христово ги служел епископот Јаков Стобиски.

 

Коментар(1)

  1. Сигурно се спрема да биде новиот архиепископ по добиваето на томосот за автокефалност на МПЦ-ОА-ЈУСТИНИЈАНА ПРИМА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *