Почетна Вести Христијанство Кабинетот на Архиепископот остро реагирал на злупотребите на МПЦ-ОА за политички цели
Кабинетот на Архиепископот остро реагирал на злупотребите на МПЦ-ОА за политички цели

Кабинетот на Архиепископот остро реагирал на злупотребите на МПЦ-ОА за политички цели

755
0

Кабинетот на Архиепископот г.г. Стефан, остро реагирал до претседателот на политичката партија Интегра, Љупчо Ристовски, кој пред Нова Година, сними политичка порака пред Божикната пештера пред Соборнбиот Храм, Свети Климент Охридски во Скопје.

Во писмото реакција испратено до Ристовски, според информациите на Религија.мк, стои дека тој ниту побарал дозвола за снимање, ниту пак известил некого од МПЦ-ОА за тоа.

Од Кабинетот на Архиепископот г.г. Стефан, посочуваат дека ваквиот потег за политички цели е израз на непочитување кон институцијата МПЦ-ОА, но и отсуство на административен бон-тон: да се побара официјално дозвола за снимање во туѓ имот.

-Како припадник на протестантска Црква во Македонија, со овој потег изразивте и непознавање на верскиот соживот во нашата Татоковина, злупотребувајќи ги во оваа смисла традиционално добрите односи меѓу Македонската православна црква (МПЦ-ОА) и Евангелско-методистичката црква за лични цели, пишува во дописот до Ристовски.

Кабеинетот на Архиепископот реагирал и на ставовите што оваа политичка партија ги пласира во однос на македонското цековно прашање, посочувајќи и на оваа партија дека е недозволиво оваа тема да ја користи за политичка борба и ова прашање да го политизира за своја политичка корист.

-Најљубезно Ве замолуваме да ја изоставите МПЦ-ОА како тема во Вашите политички натпревари со други партии. Како политички лидер кој се залага за „самопрегорно и пожартвувано дејствување во процес на обнова на македонското национално единство“, бараме од Вас да не внесувате неединство меѓу вериот народ и МПЦ-ОА и не единство меѓу Македонскиот народ, пишува меѓу другото во реакцијата на Кабинетот на Архиепископот, г.г Стефан испратена до Љупчо Ристовски, претседател на Интегра.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *