Почетна Вести Јужен Либан: Во Сидон отслужена Литургија на црковнословенски јазик
Јужен Либан: Во Сидон отслужена Литургија на црковнословенски јазик

Јужен Либан: Во Сидон отслужена Литургија на црковнословенски јазик

197
0

На 22 мај 2017 година, кога се слави споменот на Свети Николај Мирликиски, со благослов на Митрополитот Тирски и Сидонски Илија (Антиохиска Православна Црква), во јужнолибанскиот град Сидон беше отслужена Божествена Литургија на црковнословенски јазик.

Богослужението, коешто го возглави претставникот на Московската Патријаршија и на цела Русија при Антиохиската Патријаршија и на целиот Исток, игуменот Арсениј (Соколов), се изврши во Николаевскиот градски соборен храм, изграден во VIII век. На свештеното собитие се собраа чедата на Руската Православна Црква кои живеат во Сидон и во околните градови и села на Јужен Либан.

По завршувањето на богослужението Митрополит Илија поразговара со верниците, при што беа произнесени молби за понатамошно негување на руската православна традиција на живот во јужниот дел на Либан.

/БИГОРСКИ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *