Јубилејот 50 години автокефалност во меѓународно списание
Mеѓународното списание Occasional Papers on Religion in Eastern Europe посвети цел број на јубилејот – 50 години од прогласувањето на автокефалноста на Македонска православна црква- Охридска архиепископија.
Со одлука на Третиот црковно – народен собор, на 17 јули 1967 година, точно 200 години од укинувањето во 1767 година, повторно е возобновена Охридската архиепископија како Македонска православна црква.
На 19 јули 1967 година е извршен чинот на прогласување на автокефалноста за време на свечената архиерејска литургија отслужена во црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид.
Текстовите на списанието, кое е подготвено со поддршка и од Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ – Скопје, можете да ги погледнете и преземете на следниот ЛИНК: