Почетна Вести Јероним му посочува на Вартоломеј дека „личните“ причини не се лични
Јероним му посочува на Вартоломеј дека „личните“ причини не се лични

Јероним му посочува на Вартоломеј дека „личните“ причини не се лични

94
0

Грчкиот архиепископ Јероним му испратил писмо на Вселенскиот патријарх, Вартоломеј во кое го потсетува дека причините поради кои не беше на собирот на поглавари во Шамбези, Женева не се лични, како што вели Вселенскиот патријарх.

Грчкиот портал, „Ромфеа.гр“, информирајќи за писмото, вели дека целосната содржина е тајна, но сепак суштината се односите меѓу двете цркви.

Вселенскиот патријарх, во официјалното соопштение по завршувањето на средбата напиша дека двајца од поглаварите не присуствувале на срдбата поради здравствени причини, а Грчкиот Архиепископ поради лични причини.

Сепак во грчката јавност веќе извесно време се споменуваат неколку причини за најновите недоразбирања меѓу Фанар и Атина. Една од нив е „двојната власт“ врз Епархиите во Егејска Македонија и инцијативата на Вартоломеј да има целосна контрола врз овие Епархии, кои реално се дел од ГПЦ.

Вториот момент е иницијативата на Вселенската патријаршија за зголемување на ингеренциите на нејзиниот претставник во Атина, на ниво на „Амбасадор“.

Официјално, пак односите меѓу двете цркви остануваат да бидат дефинирани како добро.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *