Почетна Вести ЈЕРОНИМ: Брисел го реализира планот за дехристијанизација на Европа
ЈЕРОНИМ: Брисел го реализира планот за дехристијанизација на Европа

ЈЕРОНИМ: Брисел го реализира планот за дехристијанизација на Европа

355
0

Архиепископот Атински и на цела Грција Јероним, при својата посета на пограничниот остров Св. Евстратиј, пред локалните жители предупредил на можните закани што доаѓа од Европската Унија. Јероним тврди дека Брисел продолжува со реализација на планот за дехристијанизација на Европа, посочувајќи на потребата од будност во Грција.

Jeronim 2-Историјата покажува дека тогаш кога сме биле обединети – никој не можел да не победи. Ние ги надминавме сите тешкотии. Само заедно, помагајќи си еден на друг, Грците ги надминаа сите тешкотии, посочил Јероним.

Ова не е прв пат Поглаварот на Грчката Православна Црква да ја критикува Европската Унија. Тој одамна предупредуваше за духовната и морална криза која неминовно ја носи Европа.

-Нашите односи со Европа, духовни, економски и други форми на криза, го истоштија и продолжуваат да го исцрпуваат грчкиот народ. Сиромаштијата, безработицата, несигурноста, високите цени, отсуството на почит кон човечката личност, претендираат да загосподарат со нашето општество. Најстрашно е тоа што ехото и отпадните води на Европското образование насекаде се распространија. Тие имаат за цел да го искоренат она што е здраво и одговорно, за нешто друго да заживее во нашата земја. Јазикот, историјата, семејството, институцијата брак, школото, образованието, постојано се наоѓаат под притисок, изјави неодамна Архиепископот на ГПЦ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *