Јеромонахот Атанасиј сослужуваше со владика на Руската црква – веќе еден месец е гостин на РПЦ

Date:

Share post:

Јеромонах Атанасиј Арсоски од Скопската епархија на МПЦ-ОА сослужувал со Митрополитот Владимирски и Суздаљски Тихон од Руската православна црква во градот Суздаљ во Русија. Сослужувањето е во чест на празнувањето на споменот на преподобната Софија Суздаљска, што се празнува на 14 август во Руската црква.

Заедно со клирици од Владимирската епархија на Руската православна црква, во дворот на манастирот „Покров на Пресвета Богородиц се одржала и литија со иконата на преподобната Софија Суздаљска.

-По завршување на богослужбата следеше заеднички ручек во манастирската трпезарија. Присутните имаа можност, накратко, да се запознаат со историјата и со актуелната состојба на православието во Македонија. Митрополитот Тихон му порача на јеромонах Атанасиј да го пренесе неговиот поздрав и поклон пред православниот македонски народ, објави литургија.мк

Јеромонахот Атанасиј е веќе четврта недела во посета на Руската црква. На 23 јули 2024 година, во Одделението за надворешни црковни врски (ОНЦВ) на Московската патријаршија, во Москва, се се сретна со шефот на руската црковна дипломатија Митрополитот Волоколамски Антониј. Тогаш РПЦ извести дека учесниците на состанокот разговарале за соработката помеѓу Руската и Македонската православна црква, особено во издавачкиот сектор, како и за други прашања од заеднички интерес.

Долгата посета на Јеромонахот Атанасиј на Руската црква се поврзува со уште една, засега непотврдена информација. Имено неофицијално тој е избран како лице за идни контакти на МПЦ-ОА со РПЦ, а посетата на Руската црква е и во насока на негова обука и запознавање со надворешните црковни политики во кои тој во иднина би бил вклучен. Пред една година, Јеромонахот Атанасиј поминал еден месец и во Полска.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Митрополитот Јован: Епархиите што ги имаме се нефункционални, ќе бараме отворање на ова прашање во Синодот

Тројцата владици на МПЦ-ОА, поранешни членови на ПОА, пред Синодот ќе го отворат прашањето за функционалноста на епархиите...

Нов 21 метарски крст во Скопје

Од минатата сабота, на празникот Митровден, небото над Раштак и Скопска Црна Гора доби нов симбол – светлечки...

Ватикан покрена истрага против швајцарски гардист поради наводен антисемитски инцидент

Ватикан започна истрага поради наводен антисемитски инцидент во кој припадник на Папската швајцарска гарда, за време на папска...

Незадоволство во редовите на Руската православна црква: свештеници проговорија за војната и лицемерието на системот – III

Го напуштив свештенството во Руската православна црква – не сакам повеќе да се мачам во атмосфера на дволичност...