Почетна Вести Европа Јеховини сведоци од Русија проговорија како ги измачувала полицијата

Јеховини сведоци од Русија проговорија како ги измачувала полицијата

411
0

Јеховини сведоци од рускиот град Сургут раскажаа за BBC како руската полиција ги измачувала поради нивните верски ставови.

Имено, рускиот Врховен суд во 2017 година им забрани дејствување на тие верски заедници и ги прогласи за екстремистички. После таа одлука, десетина Јеховини сведоци биле уапсени ширум таа земја.

Овластените лица на градот Сургут на почетокот го негирале извештајот за измачувањето, а сега тврдат дека сепак ќе ја истражат цела ситуација. Претседателот Владимир Путин рекол дека тоа обвинение е “чиста глупост” и побара од Врховниот суд да се појасни применувањето на новиот закон.

Станот на Евгениј Каирјаку прво бил претресуван од страна на полицијата, а потоа започнала да го измачува. Тој ги покажа лузните на нозете кои му останале, бидејќи полицајците користеле електрошокови.

“Ми ставија ќеса на главата, а потоа започнаа да ме гушат”, рекол Евгениј.

Тој рекол дека му донеле мажи со маски на лицето.

“Ме испитуваа 12 часа за мојата вера. Два пати ме одведоа мажите со маски на лицето. Ме тепаа и користеа електрошокови. Мислев дека ќе ме убијат, бидејќи ми се закануваа мене и на моето семејство. Кога започнаа да ме дават и кога не можев повеќе да дишам, ме прашаа дали тогаш ќе кажам нешто”, рекол Артјо Ким.

/tocka.com.mk

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *