Почетна Вести Христијанство Јавни личности, научници и потомци на македонски револуционери барат БПЦ да ја признае автокефалноста на МПЦ
Јавни личности, научници и потомци на македонски револуционери барат БПЦ да ја признае автокефалноста на МПЦ

Јавни личности, научници и потомци на македонски револуционери барат БПЦ да ја признае автокефалноста на МПЦ

719
0

Јавни личност, научници, новинари и потомци на видни семејства од Македонија побараа Бугарската патријаршија да ја прифати подадената рака на Македонската архиепископија за признавањето на нејзината автокефалност. Тие испратиле и писмо до Бугарскиот патријарх Неофит и до Светиот Синод на БПЦ, а најавуваат и голема акција за собирање поддршка за позитивен одговор од БПЦ.

Меѓу потписниците на писмото се и Стефан Воденичаров, претцедател на Бугарската акаденија на науките, новинарот Горан Благоев, кој го објави писмото на МПЦ, како и главните уредници на неколку медиуми во Бугарија. Меѓу потписниците има и голем број потомци на истакнати македонски дејци како  Михаил Развигоров – внук на војводата Мише Развигоров, Елисавета Шапкарева, правнука на Кузман Шапкарев, Христо Матов – внук на револуционерот Христо Матов.

Во писмото тие бараат Патријархот Неофит и владиците на БПЦ да соберат храброст и да одговорат позитивно на овој историски момент.

-Свесни сме дека проблемот со признавањето на автокефалноста на Македонската православна црква не е воопшто лесен за решавање, инаку нејзината хиерархија не би се наоѓала во изолација веќе педесет години. Но истовремено сме свесни дека Бугарската патријаршија има сите причини – и историски и канонски – да го преземе тешкиот крст и да им помогне на нашите крвни и духовни браќа во Република Македонија, за да може нивната црква да го добие своето полноправно место во семејството на православните цркви. Очигледно она што се случува е Божји промисла и доказ дека Бугарската патријаршија има потенцијал и достоинството прва да ја признае канонската самостојност на Македонската архиепископија и да ја воведе во општото православно семејство, стои меѓу другото во писмото.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *