Почетна Верски буквар Излезе од печат превод на „Совети и раскази од Кекавмен“
_67
_9
_16
_27
_59
_30

Излезе од печат превод на „Совети и раскази од Кекавмен“

206
0

Во Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје беше промовирано изданието „совети и раскази од кекавмен“ со превод и коментар на проф. д-р Јован Белчовски.

Книгата е пишувана во втората половина на 11 век кога Византиската Империја се судрувала со економско – воени и политичко – морални предизвици.

Авторот, по мајка Словен, а по татко Ерменец бил висок воен чиновник (полковник) и потекнувал од феудална средина на воено – провинциска аристократија на Византија.

„Совети и раскази “се своевремено отсликување на животните проблеми на државата, нормите, моралот, обичаите, семејните односи, правниот живот, политиката, службите, домаќинството, војните, востанијата, црквата и религијата, суеверијата и воопшто нивото на култура и на животот во сите сфери во тоа време на балканските простори.

Промотивен говор за делото имаа Архиепископот охридски и македонски г.г Стефан и проф. д-р Ратомир Грозданоски. На промоцијата присуствуваше и епископот хераклејски г. Климент.

/СПЕ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *