Избран нов Архиепископ на Синај, именувањето доаѓа по период на тензии во Манастирот Св. Екатерина

Date:

Share post:

Нов архиепископ на Синај, Фаран и Раито, како и игумен на Манастирот Св. Екатерина на планината Синај, беше избран минатата недела.

Архимандритот Симеон (Пападопулос) беше потврден како игумен на овој православен манастир во Египет за време на состанокот на Светиот Синод на Ерусалимската патријаршија, со кој претседаваше Патријархот Теофил III од Ерусалим.

Ова именување доаѓа по период на тензии и неизвесност за манастирот, откако внатрешниот бунт против дотогашниот игумен, 91-годишниот архиепископ Дамјан, прерасна во борба за првенство, при што Ерусалимската патријаршија ја зацврсти контролата.

Во писмото за оставка, архиепископот Дамјан го обвини патријархот за „империјалистичка политика“ кон манастирот и дека тој се стремел да го претвори „Светиот Манастир на Синај во обичен манастир потчинет на патријархот од Ерусалим“.

Патријархот неколкупати повтори дека манастирот е под духовна и канонска јурисдикција на Патријаршијата. Иако патријархот Теофил има одредени овластувања во функционирањето на манастирот, тој со децении ужива уникатен самоуправен статус со значителна независност.

Архиепископот Дамјан, исто така, ја обвини Москва како главен виновник за сегашниот раздор и поделби во православниот свет, но и за вмешаност во немирите во манастирот.

„Не е случајно тоа што први кои се обидоа да ја искористат внатрешната поделба во Светото Синајско братство беа организации, мрежи, партии и поединци поврзани со обидите на Русија за разнебитување на православието, промовирајќи ставови што се спротивни на православната теологија и етика“, напиша тој.

Пред неговата оставка, Грција се обидуваше да ги ублажи тензии што се влошија откако беше обвинет дека присилно избркал монаси кои му се спротивставувале.

Грчки медиуми пренесуваат дека архиепископот со сила отстранил некои од „бунтовните“ монаси, оставајќи ги пред портите на манастирот. Според Orthodox Times, монасите го обвиниле Дамјан дека дошол во манастирот со телохранители, додека тој тврдел дека бил нападнат.

Овие сцени предизвикаа реакции од Ерусалим и Атина. Патријархот Теофил го повика архиепископот во Ерусалим на консултации и во изјава го повика:

„Да ги отвори вратите на Светиот Манастир и да преземе сè што е неопходно, така што сите лица кои не припаѓаат на Синајското братство да бидат веднаш и со почит отстранети.“

Оваа криза се случува во критичен момент за иднината на манастирот: египетската влада требаше да потпише договор со манастирот (претходно координиран со Атина) за обезбедување на неговата иднина, по судската пресуда во Египет во мај според која делови од манастирот треба да се национализираат.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис изјави дека изборот на нов архиепископ ги отстранил пречките за потпишување на овој клучен договор меѓу Египет и манастирот, кој ќе ги гарантира неговите права на долг рок, објави грчкиот весник Катимерини.

„Блиску сме до потпишување на договор, за кој е потребен и потписот на новиот игумен, кој ќе го гарантира грко-православниот карактер на манастирот.“

Според грчките медиуми, бил организиран специјален лет за поранешниот архиепископ, кој беше вратен од Шарм ел Шеик во Атина, придружуван од заменик-министерот за надворешни работи на Грција, Александра Пападопулу.

 

Пишува: Андреја Богдановски, (churchtimes.co.uk)

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

spot_img

Поврзани вести

Нов 21 метарски крст во Скопје

Од минатата сабота, на празникот Митровден, небото над Раштак и Скопска Црна Гора доби нов симбол – светлечки...

Ватикан покрена истрага против швајцарски гардист поради наводен антисемитски инцидент

Ватикан започна истрага поради наводен антисемитски инцидент во кој припадник на Папската швајцарска гарда, за време на папска...

Незадоволство во редовите на Руската православна црква: свештеници проговорија за војната и лицемерието на системот – III

Го напуштив свештенството во Руската православна црква – не сакам повеќе да се мачам во атмосфера на дволичност...

Православната вера отсега ќе може официјално да се изучува во холандските училишта

Каде и да има родители што ќе ги запишат своите деца, и обучени наставници кои се достапни, ќе...