Почетна Вести ИВЗ со апел верниците да го регулираат своето гласачко право
ИВЗ со апел верниците да го регулираат своето гласачко право

ИВЗ со апел верниците да го регулираат своето гласачко право

74
0

Исламската верска заедница активно се вклучува во апелот до граѓаните да извршат проверка во базата на податоци на Државната изборна комисија и доколку се дел од списокот на 39.000 спорни гласачи да го регулираат своето гласачко право.

ИВЗ упати апел до сите верници, но и до имамите кои на петочните молитви треба да ги потсетат верниците за потребата од верификација на своите податоци за гласачкото право

sipsok-Од граѓаните на Македонија се бара да ги верифицираат овие листи и во случај да не ги пронајдат своите имиња, да интервенираат во единиците на Државната Изборна Комисија, а со цел да бидат опфатени во листата на легитимните гласачи во нашата земја. Поради тоа, ценејќи ја важноста на секој глас, Исламската Верска Заедница во Македонија апелира до сите припадници на Исламот, без оглед на нивната етничка и политичка припадност, да ги верифицираат своите имиња во спорната листа и да сторат се за да бидат опфатени во изборниот процес. Бидејќи, секој глас на муслиманите во нашата земја подразбира подобра политичка позиција, подразбира подобрување на друштвениот и верскиот живот. Затоа, и како единствена исламска верска институција во земјата што се грижи за верскиот живот на муслиманите во Македонија, апелираме до сите имами во земјата, за време на петочната молитва(џума), хутбето да го посветат токму на овој проблем. Имамите треба да апелираат до верниците да ги искористат преостанатите денови од законскиот рок за да ги верифицираат своите имиња на избирачките списоци и да интервенираат да бидат опфатени во општите изборни листи. Тоа е наша граѓанска должност и потврда на нашето ангажирање за по квалитетен политички и верски живот, стои во апелот на ИВЗ.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *