Почетна Вести Ислам ИВЗ: Скендер Бузаку е како Боки 13
ИВЗ: Скендер Бузаку е како Боки 13

ИВЗ: Скендер Бузаку е како Боки 13

123
0

По денешниот ултиматум на Скендер Бузаку за поднесување на оставка на Поглаварот Реџепи, попладнево соопштение испратија и од ИВЗ.

Соопштението ви го пренесуваме во целост:

„Се чини дека Владата Заев тешко функционира без скандали кои што ја следат во секој чекор.Уште пред да стивнат аферите Рекет 1 и 2, во јавноста излезе некојаси афера, Рекет 3, која што се одвива јавно пред камерите и медиумите контролирани од Владата.

Во првата афера, на перфиден начин, Боки 13 рекетираше разни бизнисмени со “полицијски“ материјали за да тие платат одредени суми или ви спротивно ќе бидат објавени.

Оваа афера за која што зборуваме е малку по софистицирана. Главен протагонист , како во случајот на Боки 13, е Скендер Бузаку кој во присуство на медиумите излегува и му се заканува на Реисул Улема на ИВЗ двајќи му ултиматум ако не поднесе оставка, ќе му бидат објавени криминални материали.

Во очите на правдата, ова представува шлаканица и мајтапење со демократијата, со Уставот на земјата и со човечките вредности.

Во вторник, на 1 октомври Скендер Бузаку требаше да биде приведен, а не да му се дозволи да настапи јавно и да му се заканаи на еден верски лидер. Во вторник, сите муфтии на Исламската Верска Заедница на Република Северна Македонија ги депонираа своите изјави пред Јавниот Обвинител во врска со обманата и фалсификувањето на документацијата со која што Скендер Бузаку ја излажа јавноста и сите муслимани во земјата.

Неприведувањет на тој човек говори јасно дека државата е пфатена од криминал и од криминалци од типот Бузаку-Боки 13 и др. додека пак единсвената валута за реализирање на нивните цели е рекетот на сите тие што размислуваат на друг начин.

Во текот на пучот во 2015 год. Скендер Бузаку имаше условна судска пресуда за насилство. Тоја го повтори делото кога влезе со својата вооружена банда во седиштето на ИВЗ и изврши насилство над вработените во  оваа институција, но не беше приведен.Такви бенефиции имаат само инструментите на полицијата, во народот познати како шпиуни.

Скендер Бузаку ,во 2019 год. Состави лашна документација за една измислена седница на Ријасетот , фалсификувајќи  при тоа изјави и потписи на муфтиите на ИВЗ во РСМ, фалсификувајќи ја наводната оставка на Реисул Улема х. Сулејман еф. Реџепи и фрлајќи прав во очите на јавноста и на Правдата во оваа земја.Во изјавите пред медиуми тој тврдеше дека на нај демократски начин бил избран за реис од страна на контроверзната судијка која што на себеси си даде за право да именува Реисул Улема на ИВЗ.

Инаку, скопската јавност го познава Скендер Бузаку као човек што зема еден куп пари преку кредитот од Шпаркасе Банк за купување на бараката за Скопското Муфтиство, со цена од 652000 евра, а за кои што средства ИВЗ има сериозни сомневања дека преку половина милион евра завршиа во неговите и во џебовите на неговите другари.

Со шлаканица кон демократијата и правдата во државата, Скендер Бузаку се претвора во синоним за јавен рекет кон ИВЗ, како човек заштитен од актуелната  Влада и поединци во таа Влада кои што се јавно познати како луѓе што во континуитет се обидуваат да ја уништат нај старата верска институција во земјата“, стои во соопштението.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *