Почетна Вести ИВЗ си го бара имотот во Кичево
ИВЗ си го бара имотот во Кичево

ИВЗ си го бара имотот во Кичево

145
0

Исламската верска заедница повторно го отвора проблемот со денационализацијата на имотот. На денешната прес-конференција во Кичево Ријасетот на ИВЗ обвини дека имот кој е предмет на денационализација веќе 15 години бил даде на продажба.

kicevo1-За жал горчливата историја се повторува, ако во минатото пред 60 години е национализиран вакуфскиот имот од страна месната аграрна комисија, денес вакуфскиот имот наместо да се врати на вистинскиот сопственик во согласно со закон на ИВЗ на РМ, на нечесен начин се претвора во јавна тезга на одговорните на државните органи и урбаната мафија, користејќи го небрижноста или намерното ненавремено постапување на комисијата за денационализација, во конкретниот случај катастарската парцела 4933/8 КО Кичево, која се наоѓа на влезот на градот Кичево, на место викано ДУШОГУБЕЦ поранешна КАЛЕНДАРИЦА. Имот кој е во процес на денационализација,  се продава, се присвојува од заинтересирани страни во спротивно на законите, велат ос кичевското Муфтиство.

Муфтиството на ИВЗ од Кичево вели дека на 29 јануари 2001 год, има поднесено барање за денационализација на вакуфскиот имот национализиран во 1946 година и кој имот бил даден на користење на јавни препријатија, но не и правото на сопственост. Според ИВЗ станува збор за недвижен имот повеќе од 57.000 м2 земјиште и објекти, и тоа, нива викано ОГРАДА, Медресе и административна зграда медресе во површина од 3.300 м2, поранешна ливада во површина од 24.000 м2, два дуќани до Султан Пајазит Џамијата, пасишта во површина од 12.000 м2, како и поранешна ливада покрај муслиманските гробишта во површина од 16.000 м2. Од сето ова во изминативе 15 години бил решен само еден предмет и на ИВЗ во 2015 година и вратени само вкупно 2.200 м2.

-Одлучивме јавно да зборуваме, со цел да не дозволиме повторување на узурпација на вакуфскиот имот, немаме намера тука да застанеме, ќе продолжиме до крај, ќе побараме  од владата и од министерството за транспоерт и врски итно да се постапи по пријавата и по ургенцијата на ИВЗ упатена на 25 јули 2016 год,  до државниот инспекторат за градежништво и урбанизам  каде се бара во согласност со законите и нивните законски надлежности да превземат мерки да ги стопират сите градежни активности со кои е опфатена катастарска парцела 4933/8 КО Кичево, се до конечно завршување на процесот за денационализација поднесена од Муфтиството на ИВЗ-Кичево на 29 јануари 2001 год, велат од муфтиството на ИВЗ во Кичево.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *