Почетна Вести Ислам ИВЗ повика на масовно гласање в недела на изборите
ИВЗ повика на масовно гласање в недела на изборите

ИВЗ повика на масовно гласање в недела на изборите

247
0

Исламската верска заедница повика на масовност за гласањето в недела на вториот изборен круг. Иако директно не посочува за кого да гласаат, ИВЗ ги повика муслиманите во Македонија, без разлика на етничката припадност да се определат за НАТО и ЕУ и за правна и демократска држава.

Овој апел на ИВЗ е потпишан од Рејсот Сулејман Реџепи, а е изгласан како заеднички став на Ријасетот на ИВЗ на својата редовна седница одржана на 30 април.

-Во недела , 5 мај, сите муслимански верници треба да излезат масовно и да го искористат своето граѓанско право на глас со кој што ќе придонесат за повеќе права, за правна и демократска држава, за верски и национални права за сите народи што живеат во Северна Македонија, за членство во НАТО и ЕУ, за правецот кој што како верници и како ИВЗ сме го трасирале и сме го подржувале снажно и постојано. Сите гласачи, без исклучок, веќе имаат изграден став и знаат за кој кандидат треба да гласаат. Гласајќи за европските и американските вредности, сите избирачи се поставуваат на страната на силите кои и посакуваат добро на оваа држава, што ја сакаат слободата и независноста, што сакаат живот во мир со самите себе и со Бог. ИВЗ во континуитет повикувала и повикува нејзините верници, освен искрената врска со Бог, да бидат во силна врска и со средината во која што живеат, со општеството, но не за да станат нечија алатка, туку за да инсистираат и да очекуваат од раководните структури на државата да го исполнат и да го реализираат тоа што е најдобро за верникот и за муслиманскиот уммет. Врската со напредната Европа и со Соединетите Американски Држави, длабоко сме убедени, ќе обезбедат поубава сегашност и поубава иднина за сите верници, без оглед на која вера припаѓаат. Исламските верници на Северна Македонија-Албанци, Турци, Торбеши, Бошњаци, Роми, Ашкалии, Египтјани и сите останати, очекуваат многу од својот иден Претседател, очекуваат многу од неговата работа и неговите одлуки. Токму затоа, сосема слободно, како што им доликува, во недела на 5 мај 2019 год. треба да излезат на гласање, да го остварат своето право и да ја исполнат својата граѓанска и уставна должност, стои во апелот на ИВЗ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *