Почетна Вера ИВЗ ја отвори џамијата во Горно Стогомиште во кичевско
6
5
4
3
2
1

ИВЗ ја отвори џамијата во Горно Стогомиште во кичевско

106
1

Исламската верска заедница ја пушти во употреба новата реконструирана џамија во кичевското село Горно Строгомиште.

На чинот на свеченото отворање присуствувал поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи и членовите на Ријасетот, Муфтиите на Кичево, Тетово, Гостивар и Струга.

Покрај голем број верници, на настанот учествувал и кичевскиот градоначалник, фатмир Дехари.

-Кој учествува во изградба на џамија Аллах ќе го награди со куќи во Рајот, изјавил Поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи во поздравниот говор на отворањето на џамијата.

Молитвата за свеченото отворање ја извршил Муфтијата на Тетово, Ќани Несими.

ГАЛЕРИЈА:

Коментар(1)

  1. Navista, mnogu vazna vest, povazni vesti ne mozevte da donesete so denovi od otvoranjeto na dzamijata vo Gorno strogomiste

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *