Почетна На иста страна ИВЗ го осуди сквернавењето на православните гробишта во Љуботен
ИВЗ го осуди сквернавењето на православните гробишта во Љуботен

ИВЗ го осуди сквернавењето на православните гробишта во Љуботен

160
0

Муфтиството на Исламската верска заедница од Скопје најостро го осудува вандалскиот чин на демолирање на православните гробишта  во селото Љуботен, Скопско.

ИВЗ преку соопштение посочува дека ваквите вандалски постаки не се дело на искрени верници.

-Како верски субјект, убедени сме дека ваквите грозморни чинови, а посебно скверанвењето на гробови, никогаш не се прави од искрени верници од која било вероисповест. А во овој случај, тоа ни го потврдува и писмената изјава од нашите верски службеници во селото Љуботен, со која тврдат дека демолирањето на православните гробови не е направено од страна на селаните на Љуботен, стои во соопштението на скопското муфтиство.

ИВЗ бара расветлувањетоп на случајот и сакционирање на сторителите.

-Апелираме до сите граѓани, без обзир на етничка и верска припадност, да не подлегнуваат на никакви провокации што имаат за цел да предизвикаат определени проблеми, што не се во интерес на заедничкиот живот. Верниците муслимани не смеат да покажат никакви знаци на одмазнички постапки за кои беа сведоци во минатото, стои во реакцијата. ИВЗ посочува дека во конкретниот случај станува збор за провокација која има за цел д апредизвика нарушување на заедничкиот соживот.

/РЕЛИГИЈА.МК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *