Почетна Вести Ислам ИВЗ: Евроинтегративните напори на државата завршуваат во моментот на мешање во работата на верските заедници
ИВЗ: Евроинтегративните напори на државата завршуваат во моментот на мешање во работата на верските заедници

ИВЗ: Евроинтегративните напори на државата завршуваат во моментот на мешање во работата на верските заедници

147
0

Исламската верска заедница остро реагираше на најавите за инспекциски контроли, што ги навести премиерот Зоран Заев на собраниската седница за пратенички прашања, одговарајќи на прашањето од Пратеникот Мухамед Зекири.

Токму Зекири е централна тема во реакцијата на ИВЗ, во која пратеникот е обвинет дека подолго време се обидува да го урива угледот на поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи.

ИВЗ му порачува на Премиерот Заев дека мешањето во работата на верските заедници значи и крај на заложбите за евроинтеграции на Македонија.

Во продолжение целосната реакција на ИВЗ

Реагирање

Вчера, во Парламентот на Македонија како да започна да пушта корен флагрантната злоупотреба на говорницата. Еден перманентен злонамерник кон ИВЗ, денес пратеник, Мухамед Зекири, упати редица инсинуации кон Реисул Улема х. Сулејман еф. Реџепи, обвинувајќи го со нај различни измислици.

На овој самобендисан човек ова не му е прв пат на овој начин да се нафрла кон Исламската Верска Заедница. Тој го обвинува Реисул Улема без никаква правна основа, без никакво решение или судска процедура. И порано, на сличен начин обвинуваше, но тие обвинувања судот ги сметаше за намерни инсинуации поради кои што беше и осуден.

Вчера, преку мегафонот на анти ИВЗ екстремистите имаше обид да се гази врз системот и регулативата на државата, навредувајќи го дигнитетот и авторитетот на ИВЗ и на нејзиниот Претседател , х. Сулејман еф. Реџепи кој што во изминатите три декади на челото на оваа институција стори толку многу за Исламот во земјата, бележејќи незамисливи успеси.

Но, се поставува прашањето, што сторил за доброто на Исламот инсинуаторот Мухамед Зекири кој што упатува толку многу обвинувања криејќи се зад говорницата на Парламентот? Нека каже овој си пратеник (не на албанскиот народ) која е неговата јавна грижа, да кажеме за Џамијата во Лажец? Што сторил за реконструкција на опожарената џамија во Прилеп? Со што се обиде тој да ја спречи продажбата на Хусамедин Џамијата во Штип за да стане таа власништво на епархијата на овој град? ИВЗ ги започна работите околу изградбата на минарето на Али Пашината Џамија во Охрид и веднаш стигнаа нај различити закани! Што сторил Мухамед Зекири за да отстрани барем една институционална пречка за изградбата на минарето на споменатата џамија? Мухамед Зекири, со своите инсинуации, криејќи се зад говорницата на Парламентот, всушност само го отежнува патот на Македонија кон ЕУ бидејќи со прекршување на верските и човечките права нема евроинтеграции. Тој пат на евроинтеграции завршува во моментот кога државата почнува да се меша во работите на верските заедници.

За ова злодело кон државата и општеството воопшто, некој треба да поднесе одговорност, нарочито Мухамед Зекири, неговите налогодавачи и поддржувачи кои што деноноќно прават сценарија како да ја спречат Исламската Заедница и нејзината ангажираност за денационализација и враќање на нејзиниот имот, како и на правата што ги гарантира Уставот на земјата.

Службата за информирање на ИВЗ во РМ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *