Почетна Вести ИВЗ: Да не ги провоцираме верските чувства
ИВЗ: Да не ги провоцираме верските чувства

ИВЗ: Да не ги провоцираме верските чувства

67
0

Исламската верска заедница бара преиспитување и повлекување на одлуката на општина Бутел за поставување на крт на влезот од општината. ИВЗ во соопштение, потпишано од поглаварот Сулејман Реџепи, оценува дека овој чин претставува опасност од провокации кои можат да ги дестабилизираат меѓуверските и меѓуетничките односи и затоа апелираат до општината за повлекување на одлуката за поставување на крстот.

Потсетуваме дека во општината Бутел скоро половината на жителите се од исламска вероисповест, а нивната национална припадност е различита. Ако некој пак со поставувањето на крстот имал намера да се “реваншира“ за двоглавиот орел поставен во Чаир, напомнуваме дека орелот е национален симбол, додека пак крстот е чисто верски симбол, па така тој никако не претставува “противодговор“.  Апелираме до сите луѓе со добра волја, до Владата на РМ, општинските органи на Бутел и на град Скопје, до политичките партии од сите провениенции, а посебно се обраќаме до дипломатскиот хор во земјата, да сторат максимални напори за да се спречи ескалирањето на незадоволството што ги обзеде муслиманските верници во Македонија и по широко. Се надеваме дека гласот на разумот што го подигнува Исламската Верска Заедница во Македонија, ќе допре до факторите што можат да го спречат непредвидливиот развој на ситуацијата. Ние, и во оваа прилика ја изразуваме сета наша почит кон сите други вери и кон нивните верски симболи, но убедени сме дека местата каде што тие можат да се поставуваат се многу јасно одредени, стои во соопштението на ИВЗ.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *