Почетна Вести Ислам ИВЗ целосно се дистанцира од изборните политики на партиите
ИВЗ целосно се дистанцира од изборните политики на партиите

ИВЗ целосно се дистанцира од изборните политики на партиите

66
0

Исламската верска заедница бара да не се злоупотребува ниту верата, ниту пак самата институција ИВЗ во предизборниот период. Во апелот испратен од ИВЗ стои дека нивните верски службеници треба да ги избегнуваат сите активности поврзани со предизборните настани.

– Исламската Заедница во РМ нема да биде алиби ниту за победата ниту за поразот на било која политичка партија. Исламската Заедница во РМ е аполитична организација и не е дел на овој изборен процес, и токму затоа апелираме до сите верски службеници на ИВЗ да ги избегнуваат партиските митинзи, стои во апелот од ИВЗ.

Од ИВЗ очекува граѓаните на 11 декември самостојно да одлучат кому ќе му го дадат својот глас.

Во продолжение интегрално апелот на ИВЗ:

ivz tablaИсламската Задница во Република Македонија апелира до сите политички субјекти, во текот на предизборната кампања да не ја употребуваат или злоупотребуваат верата и да се придржуваат на уставната одредба дека Република Македонија е секуларна држава.

Исламската Верска Заедница во РМ како единствена исламска верска институција во земјата, од секогаш ги подржувала демократските вредности, покажувајќи дека сме за фер, слободни и демократски избори, мирни и чесни, без навреди, закани, импонирање, без насилство.

Апелираме до сите граѓани, на 11 Декември 2016 год. да го искористат своето, со Устав загарантирано право на глас со кое што ке се определат за платформата или политичката опција која што сами ќе ја одберат.

Исламската Заедница во РМ нема да биде алиби ниту за победата ниту за поразот на било која политичка партија. Исламската Заедница во РМ е аполитична организација и не е дел на овој изборен процес, и токму затоа апелираме до сите верски службеници на ИВЗ да ги избегнуваат партиските митинзи.

Со почит, ИВЗ во РМ

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *