Почетна Вера МПЦ-ОА ИВАНОВ: Во основата на сите кризи е моралната криза
ИВАНОВ: Во основата на сите кризи е моралната криза

ИВАНОВ: Во основата на сите кризи е моралната криза

204
0

– Денешниот ден е посветен на најискусниот и најпросветениот ученик на светите Кирил и Методиј, а тоа е нашиот голем народен светител и просветител – свети Климент Охридски. Поаѓајќи од неговата длабока вера во Господ Исус Христос, св. Климент неуморно работел на образовно, морално, етичко и духовно издигнување на народот на Македонија. Не давајќи им сон на своите очи, тој кај луѓето ги всадил позитивните навики на срцето – солидарноста, трудољубивоста, гостопримливоста, трпението, милоста. Овие навики кои станале дел од колективниот карактер на народот, ни помогнале не само да ги пребродиме бурите на историјата, туку и да изградиме автентичен македонски модел на соживот и почитување на различноста, пишува Претседателот на Р. Македонија, Ѓорге Иванов во честитката за државниот празника  Свети Климент Охридски

Во неа претседателот додава дека во изминативе години исполнети со политички кризи, за жал, дел од овие навики паднаа во заборав.

– Во основата на сите кризи е моралната криза. Единствен начин како трајно да се надмине политичката, е, пред се, да се надмине моралната криза на нашето општество, преку враќање кон трајните морални и етички вредности и принципи кои пред повеќе од 11 века ни ги пренел св. Климент Охридски. Така ќе успееме да изградиме хумано и праведно македонско мултиетничко и мултирелигиско општество, се наведува во честитката.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *