Почетна Вера Иванов упати честитка за големиот христијански празник Божик
Иванов упати честитка за големиот христијански празник Божик

Иванов упати честитка за големиот христијански празник Божик

26
0

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, упати честитка до Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и до сите христијани, по повод големиот празник раѓањето Христово – Божиќ.

Ivanov slika 1„Дозволете ми, Вам лично, на сите верници од православна вероисповед, на членовите на Светиот архиjерејски синод и на целото свештенство и монаштво, да Ви го честитам големиот христијански празник – Божиќ. Во деновите кои следат ќе го славиме животот, семејството и новите почетоци. Ова е период од годината кога во духот на Евангелието треба да пронајдеме сили и да ги надвладееме суетите и искушенијата, простувајќи си едни на други. Верувам дека Македонската православна црква како најголема христијанска заедница во Република Македонија и во иднина ќе ја исполнува својата улога во нашето општество, ширејќи ја пораката за простување, помирување и за сплотување. Ако сакаме да градиме општество на почитување и на достоинство треба да научиме да подадеме рака и да го отвориме срцето со искреност и доверба едни кон други“, пишува во честитката.

Иванов на сите граѓани кои го прославуваат празникот им порачува со отворено срце да ја прослават радосната вест за раѓањето на Господ Исус Христос.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *