Почетна Вера Еврејска заедница ИВАНОВ: Почитувајќи ги културните и религиските разлики, да продолжиме и понатаму заеднички
ИВАНОВ: Почитувајќи ги културните и религиските разлики, да продолжиме и понатаму заеднички

ИВАНОВ: Почитувајќи ги културните и религиските разлики, да продолжиме и понатаму заеднички

29
0

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по повод големиот еврејски празник Рош Хашана, односно започнувањето на еврејската Нова година, упати честитка до претседателот на Еврејската заедница во Република Македонија, Берта Романо-Николиќ, и до припадниците на еврејската заедница во Република Македонија.

„Еврејската Нова година значи нов почеток и нова надеж дека во годината што следува ќе нè одминат тагата, непогодите и предизвиците, а ќе ни наминат радоста, успехот и благосостојбата. Рош Хашана е време на благодарност за божјите благослови, но и период за размислување за божјите закони. Бидејќи, како што пишува псалмистот Давид, благословени се токму оние што ги почитуваат божјите закони. Еден од тие закони, кој е истовремено и темел врз кој треба да се градат општеството и државата, е да ги сакаме ближните како самите себе.
Честитајќи ви го прославувањето на Новата година, го посакувам следново: почитувајќи ги културните и религиските разлики, да продолжиме и понатаму заеднички да ја градиме нашата држава Република Македонија“, стои во писмото од претседателот на Република Македонија по повод големиот еврејски празник.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *