Почетна Вера Еврејска заедница ИВАНОВ: Пасха да ни биде потсетник за заедништвото
ИВАНОВ: Пасха да ни биде потсетник за заедништвото

ИВАНОВ: Пасха да ни биде потсетник за заедништвото

187
0

Претседателот на државата Ѓорге Иванов по повод големиот еврејски празник Пасха упати честитка до претседателката на еврејската заедница во Македонија, Берта Романо-Николиќ и до сите припадници на еврејската заедница.

–  Пасха го прославува ослободувањето на Евреите од египетското ропство и токму одбележувањето на овој голем празник во себе ја содржи пораката за слобода, правда и достоинство и симболизира ново раѓање и надеж. Еврејската заедница во земјава има особен придонес во градењето и во почитувањето на општествените вредности и верските различности. Таа е нераскинлив дел од македонскиот модел на соживот кој се базира на почит и заедништво и негување на различните традиции. Нека и оваа Пасха ни биде потсетник да не дозволиме никој да посегне по нашето заедништво, достоинство и слобода, вели Иванов во честитката.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *