Иванов на средба со Вартоломеј
238
1
Претседателот Ѓорге Иванов ќе се сретне со Вселенскиот патријарх Вартоломеј. Средбата ќе биде во седиштето на Вселенската патријаршија во Фанар во Истанбул.
Меѓу темите на кои ќе разговараат Вароломеј и Иванов, наверојатно ќе бидат бегалската криза, Сеправославниот собор кој треба да се одржи во јуни на Крит, но и статусот на Македонската православна црква.
Иванов е во Турција, каде учествува на Евроазискиот самит. Иванов и Вартоломеј досега неколкупати разговарале. Последната средба беше лани во април.
Браво Претседателе најдобриот амбасадор на мак и МПЦ.