Почетна Вера МПЦ-ОА Иванов и дипломатскиот кор за Водици во Нов Дојран
Иванов и дипломатскиот кор за Водици во Нов Дојран

Иванов и дипломатскиот кор за Водици во Нов Дојран

110
0

Мите Пејков од Дојран годинава по четврти пат го извади крстот од осветените води на Дојранското Езеро.

На брегот од езерските води покрај месното население, на прославата на Богојавление Водици присуствуваше и Претседателот на Македонија Ѓорги Иванов, но и голем број членови и Амбасадори од Дипломатскиот кор во земјава.

Мите од Претседателот доби крст и честитка за благосостојба на целото семејство.

Среќникот вели денес е најсреќен. Богојавление Водици денес се празнува и во Русија. Рускиот Амбасадор денес се присети дека на овој голем ден во неговата земја и на минус 50 степени верниците ја почитуваат традицијата исто колку и во земјава.

Покрај подароците кои ги доби дојранчанецот Мите од Претседателот Иванов и Епархијата доби Икона и од рускиот Амбасадор донесена токму од неговата земја.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *