Почетна Вера ИВАНОВ: Да подадеме рака
ИВАНОВ: Да подадеме рака

ИВАНОВ: Да подадеме рака

33
0

Претседателот Ѓорге Иванов по повод верскиот празник Курбан-бајрам упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница реис-ул-улема ефенди Сулејман Реџепи и до сите граѓани од исламска вероисповед во Република Македонија.

Gorge Ivanov– На овој празник, верниците од исламска вероисповед принесувајќи жртва – курбан го прославуваат приближувањето на човекот кон Бога. Овој ден е присетување на Ибрахимовата подготвеност да го жртвува својот син како знак на покорност кон возвишениот. Одбележувањето на Курбан бајрам го крунисува и аџилакот кој ја симболизира љубовта кон верата, обединувањето, солидарноста и отвореноста. Муслиманите низ светот го слават „празникот на жртвата“ како ден кога благосостојбата ѝ подава рака на сиромаштијата, помагајќи и споделувајќи со фамилијата, пријателите и сиромасите, нагласувајќи ги сите човечки доблести, вели во честитката претседателот Иванов.

Честитајќи им го празникот на сите верници од исламска вероисповед, Иванов им посакува благосостојба и мир во нивните домови.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *