Почетна Вера ИВАНОВ: Да ја славиме традицијата на нашите предци
ИВАНОВ: Да ја славиме традицијата на нашите предци

ИВАНОВ: Да ја славиме традицијата на нашите предци

32
0

-Одбележувајќи го денот, на кој според преданијата Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан, го славиме крштевањето како една од светите тајни на христијанството. Чествувајќи го празникот на осветувањето на македонските води ја славиме традицијата на нашите предци која во себе ја содржи тајната која ни упатува дека преку покајание, љубов и добрина ја зацврстуваме верата, напишал Претстедателот на државата, Ѓорге Иванов во честитката, што за Богојавленије ја испратил до поглавартот на МПЦ, г.г Стефан.

Симболиката на чистината на водата и повторното духовно раѓање, како што нагласува Иванов, претставува повторно живеење во верата.

– Ваше Блаженство, честитајќи Ви го овој голем христијански празник, Ви посакувам добро здравје и духовен мир, а на сите македонски граѓани кои го прославуваат празникот сакам да им порачам дека верата се потврдува со дела и преку љубов кон сите луѓе, стои во честитката од претседателот Иванов.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *