Почетна Вести Иванов: Аманетот на Мајка Тереза е да го чуваме македонскиот модел на соживот
Иванов: Аманетот на Мајка Тереза е да го чуваме македонскиот модел на соживот

Иванов: Аманетот на Мајка Тереза е да го чуваме македонскиот модел на соживот

233
0

„Мајка Тереза им служеше на сите оние кои страдаат, им даваше надеж на безнадежните и сила на исцрпените. Таа вдоми илјадници сираци и усреќи илјадници семејства. Со Редот на милосрдието, Мајка Тереза спаси милиони животи и ја врати свеста за вредноста на човечкиот живот за неотуѓивото човечко достоинство. И постојано потсетуваше дека светот не е гладен само за леб, туку уште повеќе за љубов, за признавање, за почитување. Со сето тоа, Мајка Тереза си изгради жив споменик, потраен и повеличествен од сите наши споменици.“ Ова го истакна претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов на денешната понтификална миса – централен настан организиран во рамки на татковинската прослава по повод прогласувањето на Мајка Тереза за Светица.

6Осврнувајќи се на животниот пат и делата на Мајка Тереза, претседателот Иванов рече дека единствениот вистински начин да ја покажеме нашата почит кон неа е да живееме заедно со сите наши најдлабоки верски, етнички и идеолошки разлики.

27– Наместо да се истоштуваме во политички битки за докажување на нејзиното потекло и присвојување на нејзиното име, Мајка Тереза би нè упатила да се угледаме на нејзиниот пример. Да правиме мали добри дела со голема љубов. А за тоа не мора да одиме на крајот од светот бидејќи, како што таа велеше, почитта и љубовта започнуваат во нашиот дом, во нашето маало, во нашиот град, во нашата држава Македонија. Гледајќи нè политички разединети и поделени, би побарала од нас да не се делиме и караме, туку да си простиме, да се помириме и да се почитуваме, нагласи Иванов.

11Според Иванов, нејзината канонизација била можност за таков чекор и лидерите на двете најголеми партии од македонскиот блок ја прифатиле поканата и биле на канонизацијата во Ватикан, но за жал, лидерите на двете најголеми партии од албанскиот блок не успеале да се издигнат над дневнополитичките тензии и недоразбирања.

– Гледајќи колку лесно крстот и полумесечината, црквата и џамијата ги претвораме во граничници и тврдини за маркирање и бранење на некакви си замислени територии, би нè потсетила дека верата е љубов во акција. Дека не смееме само на име да се нарекуваме верници, туку дека мора да помагаме, се додека не нè заболи. Затоа што вистинската љубов боли. Би нè охрабрила да го чуваме највредното нешто што го имаме, највредното што и таа го понесе со себе во Индија, а тоа е нашиот македонски модел на соживот и почитување и прифаќање на различноста. Затоа што само така ќе научиме да живееме заедно со сите наши најдлабоки верски, етнички и идеолошки разлики, рече Иванов.

Тоа, додаде македонскиот претседател, се вредностите што денес ни се повеќе од неопходни во Македонија. Тоа е аманетот што ни го остави Мајка Тереза, светицата од Скопје, светицата на светот. Верувам, додаде тој, дека единствениот вистински начин да ја покажеме нашата почит кон неа е ако го исполнуваме овој нејзин завет.

/МИА

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *