Почетна Вести Свет Иванка Трамп боса и со хиџаб влезе во џамија

Иванка Трамп боса и со хиџаб влезе во џамија

370
1

Иванка Трамп, ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, ги посетила Обединетите Арапски Емирати што наишло на поделени мислења.

Поради тоа што носела хиџаб и одела боса, предизвикала бројни коментари на социјалните мрежи и во медиумите.

Иванка Трамп во саботата присуствувала на Свесткиот женски форум во Дубаи, па имала средба со принцот Мохамед бин Зајед.

Таа не е странец во овој дел од светот, но многумина оцениле дека тоа што го носела во Џамијата во Абу Даби е „лажна поддршка“ за муслиманките.

Многумина коментирале дека наместо да организира некој протест, таа ги поддржува муслиманските лидери.

 

Коментар(1)

  1. Никако да ви се погоди. Ако влезеше по чевли и гологлава, истите тие што сега ја напаѓаат, ќе велеа дека ги навредила чувствата на сите муслимани. Баш ме интересира доколку тие лицемери еден ден отидат во џамија и се обидат да влезат со обувки во џамиите или пак да организираат протест. Прво ќе јадат ќотек од жените муслиманки, а потоа (со право) и од другите верници.
    Секоја вера си има свои специфики и доколку се сака во светот да има мир и соживот, треба основно почитување да имаме едни кон други.
    Само сега е модерно да се напаѓа семејството на Претседателот Трамп, па дури и да најде лек за ракот, лицемерите ќе ги обвинуваат дека не го нашле навреме. Луда работа.
    Уште полуда работа од погоре спомнатата е таа што редакцијата на овој сајт, објавува вакви глупости.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *