Почетна Вести Европа Италијански новинар тврди: Папата ми рече дека пеколот не постои
Италијански новинар тврди: Папата ми рече дека пеколот не постои

Италијански новинар тврди: Папата ми рече дека пеколот не постои

62
0

Ватикан осуди и укори познат италијански новинар кој објави оти папата Франциск му рекол дека пеколот не постои.

Еугенио Скалфари (93), познат новинар и деклариран атеист, кој разви одредено интелектуално пријателство со папата, неодамна се сретна со него и за средбата напиша поголема статија во весникот „Република“, во која на крајот биле пренесени и прашања и одговори од состанокот, пренесува „Ројтерс“.

Сепак, Ватикан сега тврди дека папата Франциск воопшто не дал интервју и дека контроверзниот напис со назив „Под реконструкција“ не ги пренесува веродостојно неговите зборови.

Според статијата на Скалфари, тој го прашал папата каде одат лошите души по смртта и каде ги казнуваат. Потоа тој го цитирал наводниот одговор од папата: „Оние кои искрено ќе се покајат за гревовите добиваат прошка од Бога, но оние кои нема да се покајат и не може да им биде простено, исчезнуваат. Пеколот не постои, постои исчезнување на грешните души“.

Меѓутоа, во ракцијата на Ватикан јасно се истакнува дека доктрината на Католичката црква го потврдува постоењето на пеколот и неговата вечност, односно се споменува вечниот оган и се додава дека главна казна во пеколот е вечната одвоеност од Бога.

Ова е најмалку третпат како Ватикан издава соопштение со кое се дистанцира од статиите на Скалфари за папата, вклучувајќи го и случајот од 2014 година кога новинарот напишал дека папата ги укинал гревовите.

/МАКФАКС

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *