Почетна Вести Европа Италија протера албанска џихадистка која регрутирала жени за Исламска држава
Италија протера албанска џихадистка која регрутирала жени за Исламска држава

Италија протера албанска џихадистка која регрутирала жени за Исламска држава

325
0

Италијанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека од земјата е протерана албанската дражавјанка Арта ‘Анила’ Кацабуни (44), која претходно била осудена за регрутирање жени за Исламска држава, пренесува „Ил џорнале“.

Кацабуни била уапсена во рамки на акцијата „Мартеза“ во јули 2015 година. Во акцијата беше разбиена италијанско-албанска терористичка ќелија која имала база во Италија и беа уаспени 10 лица за учество и организирање активности за меѓународен тероризам. Двајца од нив, Албанецот Алдо Кобуци и неговата сопруга, Италијанката Марија Џулиа Серџо, позната како џихадистичката дама, се бараат со меѓународна потерница и, според тајните служби, тие се наоѓаат во редовите на ИД во Сирија.

Протераната Арта Кацабуни е тетка на Кобуци. Осудена е на три години и осум месеци, а пред два дена завршила со издржување на затворската казна.

Министерот за внатрешни работи, Матео Салвини, потпишал наредба и таа вчера попладне била протерана со образложение дека е опасна за националната безбедност на Италија. Во придружба на италијански агенти за антитероризам од аеродромот во Рим со редовен лет е депортирана во Албанија.

Кацабуни живеела во Италија од 2003 година заедно со својот брат Баки Цоко, кој исто така беше уапсен во акцијата „Мартеза“. Осуден беше на две години и осум месеци, по што беше протеран од Италија. Италијанското МВР информираше дека од јануари годинава протерани од земјата се 104 лица бидејќи претставувале опасност по безбедноста на Италија. Од 2015 година досега протерани се 341 лице.

/МАКФАКС

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *