Почетна Политичка теологија ИСТРАЖУВАЊЕ: Во православна Русија дури 75% од населението не верува дека Бог постои
ИСТРАЖУВАЊЕ: Во православна Русија дури 75% од населението не верува дека Бог постои

ИСТРАЖУВАЊЕ: Во православна Русија дури 75% од населението не верува дека Бог постои

295
0

Грција, Босна и Србија се најрелигиозните држави од регионот, покажува последното истражување на „pewresearch“ центарот за истражување. Во глобалниот индекс на религиозност за државите ја нема Македонија, Албанија, Црна Гора и Косово, па за овие држави нема конкретни податоци.

Сепак, ова најново истражување покажува дека Европските граѓани се далеку помалку религиозни од луѓето во другите делови на светот.

Но, во Европа, понекогаш има големи разлики во нивото на религиозна посветеност.

Романија е на врвот на листата европски држави со највисок процент на религиозност кај населението, според комбинираниот индекс кој изнесува е 55% од населението.

Кога станува збор за индексот за верување во Бог, на листата прва е Ерменија со индекс од 79%.

Важноста на религијата кај граѓаните е најголема пак кај Грците со индекс на процент од 55%.

Најчесто в Црква одат граѓаните на Полска, или 61% од нив тоа го потврдиле.

Чешка, Естонија, Данска, Финска се држави кои се на дното од листата, каде влијанието на религијата е под 10%.

Иако за Русија постои перцепција дека е доминантна држава на Православието, сепак индексот на религиозност на руското општество е само 17%. Интересен е податокот дека само една четвртина од Русите рекле дела веруваат во Бог.

За да дознаете повеќе за религијата во европските народи, одберете земја за да видите каде е рангирана во севкупната религиозност на овој ЛИНК

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *