Почетна Политичка теологија Истражување – верската припадност и легализација на марихуаната
Истражување – верската припадност и легализација на марихуаната

Истражување – верската припадност и легализација на марихуаната

164
0

Огромното мнозинство од возрасните во Соединетите Држави до одреден степен поддржуваат легализација на марихуана, покажува неодамнешното  истржување на Пју Рисрч центарот.

Но, мислењата за тоа дали и под кои околности марихуаната треба да биде легална варираат во зависност од верскиот идентитет на Американците и нивните нивоа на религиозна посветеност.

Возрасните Американци кои се поврзани со некоја религија се помалку склони да поддржуваат широко легална марихуана. Меѓу луѓето кои се идентификуваат со која било религиозна група, нешто повеќе од половина (54%) веруваат дека марихуаната треба да биде легална за медицинска и рекреативна употреба, додека приближно една третина (35%) велат дека треба да биде легална само за медицинска употреба. Меѓу луѓето кои не се поврзани – оние кои религиозно се опишуваат како атеисти, агностици или „ништо посебно“ – околу три четвртини (76%) велат дека марихуаната треба да биде легална и за медицински и за рекреативни цели, додека само една петтина велат дека легалната марихуана треба да биде ограничена за медицинска употреба.

Помалку од половина од белите евангелистички протестанти се за широко легална марихуана.

Меѓу протестантите и католиците генерално, ставовите за марихуаната се доста слични. Околу половина во секоја група велат дека марихуаната треба да биде легална за медицинска и рекреативна употреба, додека малку повеќе од една третина велат дека треба да биде легална само за медицинска употреба.

Од сите анализирани групи, атеистите и агностиците најмногу се залагаат за широко легална марихуана. Речиси девет од десет атеисти и агностици (88% и 86%) ја поддржуваат легалната марихуана и за медицинска и за рекреативна употреба.

Само 4% од атеистите и 1% од агностиците велат дека марихуаната не треба да биде легална.

Од почетокот на 2021 година, 17 држави и округот Колумбија ја легализираа марихуаната за рекреативна употреба за возрасни. Приближно половина од Американците кои се во најмалку религиозна категорија (48%) живеат во држава каде што рекреативната марихуана е легална, а еден од пет (22%) живеат во држави каде што не е легална за каква било употреба. Луѓето кои се многу религиозни се порамномерно распоредени низ државите. На пример, меѓу оние што се најрелигиозни, 33% живеат во држави каде марихуаната е во голема мерка легална, 32% живеат во држави каде што е легална само за медицинска употреба и 35% живеат во држави каде што не е легално.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *