Почетна Политичка теологија ИСТРАЖУВАЊЕ: Светот не сака швалерај и коцка
ИСТРАЖУВАЊЕ: Светот не сака швалерај и коцка

ИСТРАЖУВАЊЕ: Светот не сака швалерај и коцка

184
0

Кои се најнеморалните појави. глобално истражување на „ПЈУ“ истражувачкиот центар

Абортусот, хомосексуалноста, коцкањето и вонбрачните афери се дел од четирите карактеристики што во светски рамки се оценети како неморални активности. Сите овие појави, во глобалното истражување на „ПЈУ“ истражувачкиот центар се наоѓаат на скалата со над 50% негатиевн став на испитаниците од 40 држави во светот.

Под 50% негативен став, што може да се смета како „оправудвање“ или како не толку немоарални појави, анкетираните ги оцениле предбрачниот секс, употребата на алкохолот, разводите и употребата на контрацептивни средства.

„ПЈУ“ истражувачкиот центар ова глобално истражување го спровел од 2013 година во 40 држави во светот со 40.117 испитаници. На сите поединечно им биле понудени осум појави од современиот свет, за кои било побарано од нив да се изјаснат дали за нив се „неприфатливи“, „прифатливи“ или дали тоа „е или не е морално прашање“.

Според ова истражување во светот владее глобално мислење дека најнеморални се „вонбрачните афери“, или популарните „швалерски врски“. Дури 78 % од испитаниците, нив ги оцениле како „неприфатливи“. Ги одобруваат само 7%.

Втора најнеморална карактеристика во ова глобално истражување е „коцкањето“. Него за неморална појава го оценуваат 62% од светската популација, а само 11% го оценуваат како морално.

Интересно е што на ниво на свет, иако во голем број земји таа е легализирана, „хомосексуалноста“ се смета како неморална. Како „неприфатлива“ ја оцениле 59% од анкетираните во глобалната анкета на „ПЈУ“ истражувачкиот центар. Само 20% пак од испитаниците сметаа дека „хомосексуалноста“ може да се смета за морална.

Во листата на четири најнеморални карактеристики во светски рамки е и „абортусот“. 56% од испитаниците сметаат дека тој е „неприфатлив“, а со тоа и неморален. За „прифатлив“ го оценуваат само 15% од анкетираните на светско ниво.

Употребата на контрацептивните средства е на последната скала од ова истражување. Над 54% од светската популација тоа го смета за „прифатливо“, а само 14 % за неморално.

Иако само 36% од светската популација смета дека „разводите“ се прифатливи, сепак глобалната перцепција е дека тоа прашање не е во доменот на дилемата за морал или неморал.

„Употребата на алкохолот“ и „предбрачниот секс“ исто така се прашања за кои анкетираните се изјасниле дека се на границата меѓу моралноста и неморалноста, но сепак мнозинството од светската популација нив ги прифаќа како морални.

АНАЛИЗАТА ПОКАЖУВА ИНТЕРЕСНИ ПОДАТОЦИ НА НИВО НА ДРЖАВИ.

На пример за прашањето за „вонбрачните врски“, најголем процент на неприфаливост има во државите со доминатно муслиманско население.

Палестина и Турција се на врвот до 94% од испитаниците кои одговориле дека за нив тоа е „неприфатливо“. Но, интересн е податокот што во првата половина држави, во кои „вонбрачните врски“ се сметаа за неморални е и САД. Иако оваа држава се смета за една од најлибералните во светот, сепак дури 84% од анкетираните американци во ова светско истражување оцениле дека „швалерајот“ е неморален.

Со процент од 79 и 77, сличен став имаат и Грците и Австралијанците.

Од сите 40 држави во кои е вршено истражувањето, само во Франција процентот на „неприфатливост“ за „вонбралните врски“ е под 50 проценти. Но и таму мнозинството испитаници се против ваквите состојби.

За разлика од ова, за прашањето за „Коцкањето“ САД, Канада и Франција се наоѓаат на дното од скалата, со низок процент на „неприфатливост“.

Кога станува збор за анализа по држави, уште едно прашање покажува интересни податоци.

„Хомосексуалноста“, која е оценета како трета најнеморална појава во светот, вусшност е прашање за кое има сериозна поделеност меѓу источниот и западниот дел од светот.

Со високи 98% од испитаниците „хомосексуалноста“ се оценува како „неморална“ во речеси сите држави со доминатно муслиманско население. Тој процент е екстремно нисок под 10% во земјите од Западна Европа. Соединетите американски држави и овде се со интересни податоци. За ова прашање во САД владее опшата поделеност.

Слична е состојбата и во анализата по држави за прашањето за „Абртусот“, со тоа што на пример во САД, речиси 50% од испитаниците абортусот го оцениле како неморален.

Ако се анализира прашањето за „употребата на алкохолот“, Јапонија е најлибералната држава по ова прашање. Само 6% сметаат дека „пиењето“ е неморално.

Шпанија пак е најлиберална во поглед на „разводите“, за само 4% анкетирани тој потег е „неприфатлив“. Овде интересн податок е што Јордан на пример, како држава со доминатно муслиманско население, е на листата меѓу најлиберални за ова прашање. Како „неприфатлив“, „разводот“ во Јордан го сметаат само 6% од испитаниците.

И разбирливо, Германците, Чесите, Шпанците, Британците… немаат никаква дилема дали „употребата на контрацепиција“ е морална или не. Само од 1 до 3% во овие држави сметаат дека ова е „неприфатливо“.

Сепак загрижувачки се податоците од државите во кои сидата е нарјаспростанета и свеста за контрацепцијата како единствен начин за заштита недоволна. Во Нигерија и Гана над 50% од испитаниците одгворили дека „употребата на контрацепција“ е неморален чин.

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *