Почетна Политичка теологија ИСТРАЖУВАЊЕ: Најмалку СДСМ, најмногу БЕСА ја користи религијата во предизборни кампањи
ИСТРАЖУВАЊЕ: Најмалку СДСМ, најмногу БЕСА ја користи религијата во предизборни кампањи

ИСТРАЖУВАЊЕ: Најмалку СДСМ, најмногу БЕСА ја користи религијата во предизборни кампањи

252
0

Политичките партии  ја користат религијата за политички цели особено во предизборната, но ефектот за прибирање политички поени на тој начин е многу мал. Ова е генералниот заклучок од најновото истражување што и годинава го реализираше „Религија.мк“, Иниституто за политички истражувања Скопје ИПИС и фондацијата „Конрад Аденауер“ во рамки на проектот за мерење на перцепцијата на граѓаните за улогата на верските заедници и црквите во општетството.

Ова второ национално истражување овој пат е насочено кон улогата на политичките партии во верскиот живот на верските институции за време на предизборните кампањи и претставува прво вакво обемно истражување во Македонија.

Дури 35 % од испитаниците сметаат дека религијата се користела повеќе во последната изборна кампања споредбено со минатите, а 30 % исто како и претходните кампањи.

Истражувањето покажа дека дека за време на изборната кампања религијата најмалку ја користела СДСМ, а најмногу БЕСА. Овие резултати покажуваат исто така дека партиите од албанскиот блок повеќе ја користат религијата за политички цели отколку македонските партии. Средната оценка на злоупотреба на религијата за политички цели е СДСМ- 2,40, ВМРО ДПМНЕ-2,60, ДПА- 3,28, ДУИ-3,38, АА- 3,51 и БЕСА- 3,71

Истражуањето беше фокусирано на три аспекти, едниот е мерење на перцепицијата на граѓаните за односот на политичките партии кон верските заедници, вториот за довербата на верските институции и третиот за односот на верските заедници кон политичките партии.

На прашањето  „Дали има политички пораки во јавните настапи на верските лидери?“, потврдо со ДА одговриле 38,4 % ( 36,8 % од православните испитаници, 43,3 % од испитаниците од муслиманска вероусповед), негативно со НЕ 33,1 % ( 34,4% православните, 30% од муслиманите).

-Политиката придонесува кон развување на негативна перцепција на едниот кон другиот. Нема ефект на привлекување на овие гласови, а од друга страна може да има поголем ефект во однос на разединувањето на припадниците на различни религии.“ – вели Владимир Божиновски ИПИС.

„Религија.мк“ деновиве ќе ги објави сите одговори со анализа на резултатите од анкетата.

 

НАПИШИ КОМЕНТАР

Your email address will not be published. Required fields are marked *